КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Најважно од сè е да ја разбудиме креативноста и истражувачкиот дух на децата, велат менторите на работилниците на „Џифони“

Средношколците учесници на Филмскиот фестивал за млади имаа можноста меѓу првите во регионот да го проследат новиот бугарски игран филм „Петја за Петја“ во режија на Александар Косев. Филмот со кој беше отворен Филмскиот фестивал во Софија во март годинава, во Скопје го промовираше неговиот продуцент Николај Урумов. Тој одговараше на прашањата на џифонци, кои беа одушевени од филмот инспириран од прерано починатата бугарска поетеса Петја Дубарова, која како револт кон системот се самоубила на 17 години.

Back to top button
Close
Close