0_Web_Актуелно0_Инфопакет.ПорталОпштество

Сончево со променлива облачност, температури до 16 степени

Времето денеска сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Времето денеска сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од нула до девет, а максималната од 11 до 16 степени.

Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде еден, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од утре ќе биде свежо со пониски утрински температури, кои во вторник на некои места ќе се спуштат на некој степен под нулата. Наутро на места во котлините ќе има услови за појава на магла.

До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се зголемат. нд/бк/

Back to top button
Close
Close