0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталГраѓански секторОпштество

Научната фондација Спироски ќе формира невладин Дарителски регистар на срцевина

Научната фондација СПИРОСКИ, денеска го одбележа Светскиот ден за дарители на срцевина и најави дека се започнати активностите за создавање на невладин Дарителски регистар за срцевина (покрај веќе постоечкиот државен регистар за коскена срцевина на ИИБХГ).

Скопје, 18 септември 2021 (МИА) – Научната фондација СПИРОСКИ, која денеска го одбележа Светскиот ден за дарители на срцевина и најави дека се започнати активностите за создавање невладин Дарителски регистар за срцевина (покрај веќе постоечкиот државен регистар за коскена срцевина на ИИБХГ).

Директорот на НУ-Спироски, Мирко Спировски вели дека целта на овој проект е вклучување на невладиниот сектор во подигање на свеста за дарување срцевина, како и регистрирање на дарители на срцевина.

– Од проектот нема да се финансираат генетски и други испитувања од дарители на срцевина, како и неопходниот специфичен софтвер за целосно функционирање на Дарителскиот регистар за срцевина, туку ќе се финансираат од средства на Научната фондација СПИРОСКИ, од проекти, донации и од други извори, рече на прес-конференција доктор Спировски.

Актуелно на светско ниво функционираат 196 дарителски регистри за срцевина во 140 држави. Според податоците на НУ-Спировски, во светот 30 проценти на дарителските центри потпаѓаат на невладиниот сектор. оџ/лв/

 

 

Back to top button
Close
Close