ОпштествоОпштински вестиСкопје

Наплата и рекламации во дирекцијата на Водовод Скопје утре од 7:30 до 15:30

Шалтерите за наплата и за рекламации во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ утре на празникот Богојавление ќе работат од 7:30 до 15:30, а наплатниот пункт во Сарај нема воопшто да работи.

Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) – Шалтерите за наплата и за рекламации во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ утре на празникот Богојавление ќе работат од 7:30 до 15:30, а наплатниот пункт во Сарај нема воопшто да работи, најави прес-службата на претпријатието.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје порачуваат граѓаните да ја искористат можноста за брзо плаќање без провизија со скенирање на QR-кодот на фактурите и преку самоуслужните апарати поставени на четири локации: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП Комунална хигиена – Скопје, ГТЦ на приземје и во Ист гејт на првиот кат, во делот означен за банкомати. Сите оние кои ќе сакаат да се информираат тоа можат да го направат преку електронски сервиси vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација достапна за Android и iOS. свс/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close