Дописници МКДОпштински вестиСпортФудбал

Напаѓачот Бошко Ступиќ е нов фудбалер на ФК ,,Каменица Саса”

Напаѓачот Бошко Ступиќ е нов фудбалер на ФК ,,Каменица Саса", објавија од стручниот штаб.

Македонска Каменица, 2 јули 2022 (МИА) – Напаѓачот Бошко Ступиќ е нов фудбалер на ФК ,,Каменица Саса”, објавија од стручниот штаб.

Оттаму истакнаа дека Ступиќ е второ засилување во клубот пред почетокот на новата сезона во Втората фудбалска лига –  Исток.

-Почитувани фудбалски фанатици и навивачи на ФК ,,Каменица Саса”. Со особена чест и задоволство ви го претставуваме второто засилување на ФК Каменица Саса за новата второлигашка сезона, Бошко Ступиќ. Бошко Ступиќ е искусен фудбалер, роден 1984 година и е поранешен играч на Леотар БИХ, Силекс, Вардар, Истра Хрватска, Работнички, Пелистер, Брегалница, Кизилстар Казахстан и Кит-Го Пехчево. Игра на позицијата напаѓач, се вели во објавата на ФК ,,Каменица Саса”, се наведува во соопштението.

Претходно за клубот потпиша и Грегори Давков, поранешен фудбалер на Брегалница и Вардар, а клубот од М.Каменица во името на Иван Варадиновски доби и нов тренер.

Од клубот најавија дека засилувањата во пресрет на новата сезона ќе продолжат и во наредниот период. вс/свс

Таг
Back to top button
Close
Close