Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

Во  казино во Крива Паланка синоќа физички биле нападнати три лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од село Страцин.

Крива Паланка, 24 септември 2021 (МИА) – Во  казино во Крива Паланка синоќа физички биле нападнати три лица. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од село Страцин.
– На 23 септември 2021 во 22.06 часот,  во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека е извршен физички напад врз тројца млади од кратовското село Страцин. Нападот го пријавил 33-годишниот З.А. од Страцин, кој пријавил дека врз него и неговите пријатели – 30- годишниот С.М. и М.М. е извршен физички напад, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Посочи дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ид/хс/

Back to top button
Close
Close