0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Нани го поддржува Роналдо во неговата желба да го напушти Манчестер јунајтед

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Луиш Нани искажа поддршка за својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо кој сака да го напушти „Олд Трафорд“. Причината е желбата на 37-годишниот Португалец да игра во Лигата на шампионите.

Манчестер, 18 август 2022 (МИА) – Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Луиш Нани искажа поддршка за својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо кој сака да го напушти „Олд Трафорд“. Причината е желбата на 37-годишниот Португалец да игра во Лигата на шампионите.

– Не сме играле заедно долго време. Кристијано повеќе не е дете. Времињата се менуваат, а може да се променат и реакциите и ставовите. Но, гледаме дека Роналдо го прави истото. Не сака да губи. Тој се врати во Манчестер јунајтед, а претходно играше добро во различни тимови. Сега е во тим каде тренерите се обидуваат да создадат силен состав, но не е лесно, потребно е време. Но, Роналдо не сака да губи време. Тој сака да остане на врвот, да постигнува голови и да биде на врвот, изјави Нани, за  „А Bola“.

Вчера Роналдо реагираше на трансфер гласините поврзани со неговото име. Според фудбалерот, целата вистина за неговата ситуација ќе биде позната кон крајот на август, кога ќе биде објавено интервју со него.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед во август 2021 година, откако претходно играше за англискиот тим од 2003 до 2009 година. Минатата сезона Португалецот постигна 24 гола и три асистенции на 39 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close