Дописници МКДЕкономијаОпштински вести

Над 80 земјоделци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане аплицирале за набавка на трактори

Земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане покажале значителен интерес за аплицирање на петте повици за финансиска поддршка обезбедена преку програмата за рурален развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, соопштија денеска од регионалното одделение од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Куманово.

Куманово, 26 мај 2022 (МИА) – Земјоделците од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане покажале значителен интерес за аплицирање на петте повици за финансиска поддршка обезбедена преку програмата за рурален развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, соопштија денеска од регионалното одделение од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Куманово.
Традиционално како и претходните години најмногу апликации има за набавка на трактори. Во одделението аплицирале 85 земјоделци од трите општини.
– Повикот познат како 50/50 е доста атрактивен за земјоделците од нашиот регионот, изјави раководителот на одделението, Џабир Рамадани.
За апликантите кои се јавија  на јавниот повик за набавка на трактори се предвидени до три и пол милиони денари по корисник. Исплатата на средствата ќе се врши по целосна реализација на инвестицијата согласно условите и критериумите за финансиска поддршка
Преку јавниот повик за рурална жена  се поддржуваат жените кои се носители на своите земјоделски стопанства и се поддржуваат инвестиции во набавка на опрема за преработка на земјоделски производи.
Оваа поддршка подразбира доделување на неповратни финансиски средства во висина од сто проценти од инвестицијата
-Имаме интерес и од жените земјоделки, вкупно аплицирале девет жени фармерки, додава Рамадани.
Четири апликации се доставени за набавка на силоси. Помал интерес земјоделците пројавиле за мандри и за набавка на опрема за производствен тутун. ам/ац/

Back to top button
Close
Close