Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Над 1100 граѓани на Кичево се вакцинирале против сезонски грип

Во првите две недели од почетокот на вакцинацијата против сезонски грип во Здравствениот дом во Кичево се вакцинирале 1020 граѓани и дополнително над 100 граѓани се вакцинирале за сезонски грип со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје.

Кичево, 1 декември 2021 (МИА) – Во првите две недели од почетокот на вакцинацијата против сезонски грип во Здравствениот дом во Кичево се вакцинирале 1020 граѓани и дополнително над 100 граѓани се вакцинирале за сезонски грип со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје.

– Интересот на граѓаните за вакцинација од сезонски грип во Кичево е доста голем и само во првите две седмици во Здравствениот дом вакцина за сезонски грип примиле 1020 граѓани и ако се земе во предвид натамошниот голем интерес за вакцинација. Оваа бројка во наредните десетина дена ќе биде и многу поголема. Со бесплатни вакцини за сезонски грип можат да се вакцинираат лица постари од 65 години,бремени жени,здравствени работници, и граѓани со поголеми здравствени проблеми, истакна Мира Мојсоска, одговорна сестра во Здравствениот дом Кичево.

Во исто време во Центарот за јавно здравје каде граѓаните можат да примат комерцијална вакцина, досега се вакцинирани околу 100 граѓани и дневно во овој центар комерцијална вакцина примаат десетина пациенти.

Покрај вакцина за сезонски грип во Здравствениот дом Кичево се одвива вакцинација против коронавирусот Ковид-19.

– Во периодот од 5 -ти до 29-ти минатиот месец во Здравтвениот дом со прва вакцина на синовак се вакцинирале 17 пациенти, додека во исто време втора вакцина примиле само осум граѓани. Нешто поголем интерес кај граѓаните владее за вакцината на Фајзер, а предничат бројките за трета вакцина, што ја примаат лица кои пред неколку месеци се вакцинирале и со друг вид на вакцина против Ковид-19, додаде Мосјоска.

Посочи дека со прва вакцина на Фајзер во овие 24 дена се вакцинирале 389 лица, втората вакцина ја примиле 238 граѓани, а со трета доза на Фајзер се вакцинирале 597 лица. за/цр

Таг
Back to top button
Close
Close