Дописници МКДОпштински вести

Надојдената Сушица ги исчисти фекалните наслаги од речното корито

Врнежите од дожд што беа присутни во земјава последните 36 часа, придонесоа водотеците низ државата да го подигнат нивото и да ја надминат кризата која подолго време ги следеше.

Кичево, 28 ноември 2021 (МИА) – Врнежите од дожд што беа присутни во земјава последните 36 часа, придонесоа водотеците низ државата да го подигнат нивото и да ја надминат кризата која подолго време ги следеше.

Речното корито на градската река Сушица во Кичево, од надојдените води речиси целосно се наполни а тоа овозможи фекалиите кои беа наталожени во речното корито во претходниот период, по дефектот на канализациските цевки, конечно да бидат исчистени.

– Проблемот кој се појави при изградбата на новиот мост кај бензинската пумпа на Окта, кога двете канализациски цевки поставени во речното корито беа оштетени и во еден подолг период од нив во речното корито истекуваа фекалии, кои продинесоа од коритото на Сушица да се шири непријатна миризба а визуелниот изглед потврдуваше дека низ речното корито најмалку тече чиста вода и поголем дел се фекалии, истакна директорот на комуналното претпријатие Зенел Јонузи.

Јонузи потенцираше дека последните врнежи од дожд од петокот и саботата придонесоа водостојот на река Сушица значително да порасне, што, како што вели, овозможи фекалиите од речното корито да бидат исчистени и повторно во реката да има само чиста вода.

Тој најави и чистење на речното корито, но поради проблемот со немање локација каде да се одлагаат наслагите од реката , оваа операција е одложена. за/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close