0_Спорт.ПорталРезултатиСпортСпорт.СлајдерТенис

Надал – Шаповалов прва четвртфинална двојка на Австралија опен

На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен.

Мелбурн, 23 јануари 2022 (МИА) – На првиот годинашен Грен слем, формирана е првата четвртфинална двојка. Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе се борат за влез во полуфиналето на Австралија опен.

Ова е епилогот по двата осминафинални меча кои завршија рано утрово.

Најпрво Надал кој е шести носител на турнирот, со максимални 3:0, по сетови 7:6, 6:2 и 6:2 го совлада Адријан Манарино од Франција.

Шаповалов (14. носител), направи изненадување со елиминацијата на третиот фаворит на Грен слемот во Мелбурн, Германцеот Александер Зверев.  Мечот заврши 3:0 (6:3, 7:6 и 6:3).

Денеска уште играат:
Кецмановиќ (Србија) – Монфилс (Франција)
Карено-Буста (Шпанија) – Беретини (Италија). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close