Општински вестиСкопје

Наградените ученици на прием кај градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием во чест на учениците од основните училишта од општина Илинден кои освоија високи места на државните натпревари.

Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) – Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием во чест на учениците од основните училишта од општина Илинден кои освоија високи места на државните натпревари.

Како што соопшти Општината, градоначалникот им ги честиташе големите успеси на учениците и нивните ментори и истакна дека прекрасно е чувството што има голем број наградени ученици од нашата општина.

-Ние како локална самоуправа посветено ќе работиме на дополнителна промоција на вашите успеси и достигнувања, додаде градоначалникот Георгиевски.

На наградените ученици градоначалникот им додели признанија за постигнатите успеси на државните натпревари, а на менторите им додели признанија за успешна подготовка на учениците.

Од ООУ „Гоце Делчев”, Димитар Стоилков од IV одделение освои прво место по предметот природни науки, Никола Павловски од VIII одделение освои второ место по биологија и трето место по математика, Дајана Стојановска од IX одделение е меѓу првите на Литературниот конкурс Лирски треперења, Мила Златков од IV одделение го освои првото место по безбедност и здравје при работа. Од ООУ „Ристо Крле”, Ирина Јаневска од VII одделение го освои тертото место по биологија. ев/

 

 

 

 

 

 

 

Општина Илинден

Таг
Back to top button
Close
Close