0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Нагелсман: Левандовски треба да ја добие Златната топка

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман смета дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка на крајот на годината.

Минхен, 14 октомври 2021 (МИА) – Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман смета дека напаѓачот Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка на крајот на годината.

– Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно, истакна Нагелсман  за „Абенцајтунг“.

Полскиот фудбалер минатата сезона настапи на 40 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 гола и девет асистенции.

Во тековната сезона, Левандовски настапи на седум натпревари од германското првенство, постигна седум гола и оствари една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close