0_Спорт.ПорталФудбал

Нагелсман импресиониран од изданијата на Баерн на стартот на сезоната

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, го пофали настапот на неговиот тим на почетокот на сезоната 2021/22.

Минхен, 23 септември 2021 (МИА) – Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, го пофали настапот на неговиот тим на почетокот на сезоната 2021/22.

– Импресиониран сум од нашиот почеток, желбата и карактерот на тимот.

Како и да е, се уште имаме огромен неискористен потенцијал, мислам дека ќе станеме уште подобри. Го очекувам ова, изјави Нагелсман.

Баерн е лидер во генералниот пласман на германското првенство со 13 бода по пет натпревари.

Следниот натпревар Баварците ќе го одиграат против Гројтер Фурт на 24 септември. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close