0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Навивачите во Милано поставија транспарент против Донарума во пресрет на мечот Италија – Шпанија

На мост во Милано, навивачите закачија транспарент против голманот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Донарума. На мостот беше поставено платно со текст „Никогаш повеќе нема да те чекаат во Милано“.

Милано, 6 октомври 2021 (МИА) – На мост во Милано, навивачите закачија транспарент против голманот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Донарума. На мостот беше поставено платно со текст „Никогаш повеќе нема да бидеш добредојден во Милано“.

Италија ќе се соочи со Шпанија оваа недела во Милано на стадионот „Сан Сиро“. Донарума е повикан за репрезентацијата.

За потсетување, Донарума играше за Милан од 2014 до 2021 година, а во јули голманот го напушти клубот како слободен агент. Дваесет и двегодишниот Италијанец потпиша договор со ПСЖ до крајот на јуни 2026 година.

Претходно, Донарума одби неколку понуди од Милан да остане во клубот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close