0_Спорт.ПорталТенис

Мугуруза првпат во кариерата го освои Завршниот ВТА турнир

Шпанската тенисерка Гарбиние Мугуруза победи на Завршниот ВТА турнир во Гвадалахара,Мексико.

Гвадалaхара, 18 ноември 2021 (МИА) – Шпанската тенисерка Гарбиние Мугуруза победи на Завршниот ВТА турнир во Гвадалахара,Мексико.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Таа ноќеска во финалето ја победи Естонката Анет Контавеит со резултат 6:3, 7:5. Мечот траеше 1 час и 39 минути.

За 28-годишната Мугуруза ова е прва победа на Завршниот турнир во кариерата. Во 2015 година Шпанката стигна до финалето на Завршниот турнир во двојки. Покрај тоа, таа стана првата тенисерка од Шпанија која го освоила овој турнир во сингл.

Наградниот фонд на турнирот во Мексико изнесуваше пет милиони долари.

Мугуруза е победник и на два Грен слем турнири во сингл (Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close