Дописници МКДОпштински вести

Монодрамата„ Малкони“ од Тајланд Јупи вечерва во Кичево

Во Центарот  за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечер со почеток во 18 часот ќе биде изведена монодрамата „Малкони“ од Тајланд Јупи.

Кичево, 22 октомври 2021 (МИА) –  Во Центарот  за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечер со почеток во 18 часот ќе биде изведена монодрамата „Малкони“ од Тајланд Јупи.

-По две недели пауза, вечер во Центарот за култура ќе биде изведена монодрама „Малкони“од Тајланд Јупи. Малконија е посветена на една од најчестите  болести кај жената, ракот на дојката. Ова дело е како поддршка за сите жени и девојки кои ја загубиле битката со ракот на дојката. Поддршка за секоја од нив што се соочува со оваа болест и да ја подигнеме свеста кај секоја девојка и жена да се грижи за својот живот,  истакна Маја Николоска – Силјаноска.

Учествуваат Пајтиме Мехмеди, Маригона Џелили, Афердита Нухиу, Блерина Зендели и Едона Лутвиу. Од Центарот за култура апелираат  до присутните да се придржуваат кон мерките за заштита од КОВИД 19, задолжително носење на маска и држење физичка дистанца. за/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close