Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Младите од ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Дебар доделија новогодишни пакетчиња во Дневниот центар за лица со посебни потреби

Во пресрет на новогодишните празници, младите од Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Дебар, беа во посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби и поделија новогодишни пакетчиња.

Дебар, 29 декември 2021(МИА) – Во пресрет на новогодишните празници, младите од Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Дебар, беа во посета на Дневниот центар за лица со посебни потреби и поделија новогодишни пакетчиња.

– Како раководство на ОК УМС ВМРО-ДПМНЕ-Дебар, пред повеќе години, започнавме една акција која со гордост ја продолжуваме. По тој повод УМС-Дебар заедно со генералниот секретар на УСМ, Мартин Андоновски, поделивме новогодишни пакетчиња во дневниот центар за лица со посебни потреби. Ги набавивме со наши лични средства, понесени од желбата да донесеме радост и за оваа категорија граѓани, рече за МИА, Блаже Стрезовски.

Додава дека за нив најголема среќа е радоста и насмевката на лицата во овој центар, со кои минале пријатни мигови.

– Сакаме да испратиме јасна порака дека без разлика на национална, верска и политичка определба пред Господ Бог сите сме исти и сите сме еднакви. За нас насмевката на овие наши сограѓани е најдобриот мотив и најголемиот новогодишен дар, додава Стрезовски.

Тој најави дека, како и до сега и во иднина, ќе продолжат со оваа, сега веќе традиционална активност, како и со други хуманитарни активности со цел да им се помогне на сограѓаните кои се нашле во потреба од било каква помош. вт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close