Дописници МКДОпштински вести

Младите Беровчани го одбележаа Светскиот ден без автомобили

Младите Беровчани „на точак" се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили. По тој повод, низ градските улици со своите велосипеди дефилираа ученици од деветолетката „Дедо Иљо Малешевски" и гимназијата „Ацо Русковски", кои беа организатори на настанот.

Берово, 22 септември 2021 (МИА) – Младите Беровчани „на точак” се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден без автомобили. По тој повод, низ градските улици со своите велосипеди дефилираа ученици од деветолетката „Дедо Иљо Малешевски” и гимназијата „Ацо Русковски”, кои беа организатори на настанот.

-На настанот на учениците возејќи велосипеди им се придружија градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, директорот на ОСУ „Ацо Русковски”, Сашко Корчовски и претставници од општинската администрација, истакнаа организаторите.
Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност, како што е пешачењето и велосипедизмот.
-Со овој настан упативме апел за миг да ги оставиме автомобилите, со што сите заедно ќе дадеме свој придонес во заштитата на животната средина во рамки на „Европска недела на мобилност”, додадоа организаторите.
Кампањата секоја година се спроведува од 16 до 22 септември.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close