Дописници МКДОпштински вести

Младински планинарски камп „Пијанец 2021“

Младински планинарски камп „Пијанец 2021“ реализираше во Делчево младинската секција на планинарскиот спортски клуб „Голак“.

Делчево, 1 ноември 2021 (МИА) – Младински планинарски камп „Пијанец 2021“ реализираше во Делчево младинската секција на планинарскиот спортски клуб „Голак“.
Претседателот на клубот, Љупчо Чучуковски изјави дека кампот се реализирал на планините Влаина и Стедна.
-Кампот го предводеа младинските лидери од нашиот клуб. Во рамки на истиот го посетивме првиот уреден палеонтолошки локалитет Стамер кој се наоѓа на падините на планината Влаина. Овде младинците имаа можност да ги видат фосилните остатоци од поврќе праисториски животни меѓу кои мастодонт, праисториска жирафа, хипарион, носорог и хиени, информираше Чучуковски.
Во рамки на вториот дел од кампот младинците реализирале и планинарската маршута во должина од 12 километри до врвот Бејаз Тепе на планината Средна, која опфаќала и посета на локалитетот Истевнички Кулуље.
-Таму предавање од областа на Прва помош одржа Д-р Соња Мавродиева, а учесниците меѓу другото се запознаа и со темите метеорологија и ориентација, како и со потребната опрема за планинарење (облека и опрема, ризици и препораки за во планина) користени од литература која е издадена или препорачана од ФПСМ, додаде Чучуковски
Активноста со финансиска поддршка од Федерацијата за планинарство се реализираше седма година по ред на една од петте планини кои се наоѓаат на територијата на Општина Делчево. вс/рп/

Back to top button
Close
Close