0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Политички партии

Мицкоски ја повика Левица и други партии да се обединат во опозициски блок

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ги покани сите политички партии на обединување во нов блок за Македонија и повика да се здружат во ново парламентарно мнозинство.

Скопје, 20 октомври 2021 МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно ги покани сите политички партии на обединување во нов блок за Македонија и повика да се здружат во ново парламентарно мнозинство.

-Без разлика дали се леви, десни, центар, либерални или конзервативни, да ни се придружат во овој блок за Македонија и за сите нејзини луѓе. Да формираме едно ново парламентарно мнозинство, да ги засукаме ракавите и заедно со градоначалниците кои се веќе избрани во првиот круг и оние кои ќе бидат  избрани во втор круг, но и останатите кои не се дел од оваа коалиција, да работиме за сите граѓани, изјави  Мицкоски по посетата на продавачите на Зелен пазар во Скопје заедно со кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар.

Во однос на соработка со Левица, одговори дека нивната врата е отворена и раката е подадена за таа партија и повика лидерот Димитар Апасиев и гласачите на Левица во вториот круг да ги поддржат кандидатите на опозицијата.

-Малку бев збунет од утринската комуникација на лидерот на Левица преку социјалните медиуми, но, еве, оставам да изберат каква сакаат тие соработка со блокот, дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам на нив тие да одлучат. Еве, нека не биде притисок ова што јас го зборувам, зашто очигледно дека протестните гласови на граѓаните во Македонија се најмалку двапати поголеми од оние гласови кои во овој момент ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Местото на гласачите на Левица е овде, заедно со најголемата коалиација – за Македонја на сите луѓе, рече Мицкоски.

Ги оцени како „полувистини“ некои наводи дека Алтернатива се приближува на коaлицијата на СДСМ и рече дека вчера телефонски разговарaл со лидерот Африм Гаши кого, како што рече, го чувствува како пријател и искрен пoлитичар на кого може да се потпре.

-Го поканив да биде дел од новото мнозинство во Советот на Град Скопје, но и во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ веќе има мнозинство. Утре ќе се видам и со господинот Зијадин Села и ќе поразговарам и со него. Апсолутно верувам на таа коалиција – Алтернатива и Алијанса… Кандидатите кои се од партии што се дел од коалицијата „Обнова за Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено ги поддржува и истата таа поддршка важи за кандидатите на коалицијата Алијанса – Алтернатива, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека сега се фокусирани на вториот круг локални избори на 31 октомври и победата на нивните кандидати за градоначалници во општините, а за поддршка на независните и на кандиодатите што не се од нивната матична партија ќе одлучуваат, рече, на седниците на Извршниот и Централниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ в сабота во Охрид.

Во врска со изјави на дел од помали политички партии од владејачката коалиција дека за преговори со опозицијата ќе почекаат до декември и одлуката дали ќе има датум за почеток на преговори за ЕУ, Мицкоски одговори дека датум за ЕУ посакуваат сите и дека и ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа.

-Ги охрабрувам сите политички партии кои се дел од коалицијата СДСМ – ДУИ да размислат за иднината на Македонија и на македонскиот народ и дали е тоа друштвото во коешто сакаат да останат или сакаат да дојдат во друштво на напредни сили коишто во овој момент имаат поинакви планови одошто друштвото СДСМ – ДУИ, односно политичари кои ќе бидат дел од народот и коишто ќе работат за народот, рече Мицкоски. хс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close