0_Македонија.ПорталЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Мицкоски: Фокусирани сме на вториот круг на локалните избори

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука кого ќе поддржи во вториот изборен круг во општините каде учествуваат кандидати кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) – Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука кого ќе поддржи во вториот изборен круг во општините каде учествуваат кандидати кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– Онаму каде има кандидати за градоначалници, а коишто доаѓаат природно од политичките партии коишто се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, а каде настапуваа различно од коалицијата „За обнова на Македонија“, таков е случајот во Центар Жупа, таков е случајот во Карпош и во другите места тука, немаме дилема дека застануваме и ги поддржуваме тие кандидати за градоначалници, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој појасни дека онаму каде што има кандидати за градоначалници во вториот круг од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ ќе „застане зад нив“.

– Тоа се кандидатот за градоначалник во Општина Чаир во Скопје, во Дебар, Гостивар… За останатите раководството на партијата се уште нема заземено став, очекуваме во текот на денешниот или утрешниот ден да имаме веќе појасна позиција и ќе излеземе во јавноста, додаде Мицкоски.

Тој нагласи дека коалицијата е фокусирана на вториот круг на локалните избори и додаде оти очекуваат „да победат и во Град Скопје“. Според него, „многу блиску“ се до формирање мнозинство во Советот на Град Скопје, а нивниот фокусот е да победи Данела Арсовска во Град Скопје и да победат кандидатите од коалицијата „За обнова на Македонија“ ширум земјава.

Потоа, како што рече, очекува дека природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство на кое што ВМРО-ДПМНЕ работела пред изборите.

– Немаме никаква дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник заедно со коалицијата „За обнова на Македонија“ и како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство. Ќе ги отпочнеме тие разговори веднаш по завршување на локалните избори, најави Мицкоски. мд/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close