0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Политички партии

Мицкоски: Со црната кампања и лагите си го покажуваат вистинското лице, но од пораз нема да избегаат

Подготвен сум да ја платам секоја цена за слободата и за новата заедничка иднина. Подготвен сум да ја платам секоја цена, затоа што народот е нашата сила, а ние неговата, и затоа што новата иднина е нашиот сон од кој нема да се откажеме, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на централниот митинг во Скопје, пред вториот круг од неделните локални избори во земјата.

Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) – Подготвен сум да ја платам секоја цена за слободата и за новата заедничка иднина. Подготвен сум да ја платам секоја цена, затоа што народот е нашата сила, а ние неговата, и затоа што новата иднина е нашиот сон од кој нема да се откажеме, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на централниот митинг во Скопје, пред вториот круг од неделните локални избори во земјата.

Мицкоски рече дека доколку е потребно да се издржат сите измами и црна кампања на власта ќе го стори тоа и дека е подготвен да ја плати секоја цена за слободата и новата заедничка иднина во Македонија.

– Многумина ме прашуваат дали ме вознемируваат оние црни кампањи против мене и моето семејство, оние обвинувања, крици на лаги и страшни измами. Мојот одговор е до нив и до сите нивни привезоци, многу сум спокоен затоа што знам дека е ова последица на очај, последните чекори на апаратот којшто губи и сака да повлече сè со себе. Тие на тој начин го губат и своето достоинство, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека „власта со црната кампања и лагите само си го покажува вистинското лице, но од поразот нема да избегаат“.

– Кога измислувате и објавувате набрзина нашкрабани  фалсификувани документи, кои треба да ги обезвреднат моите соработници, и кога го разгорувате огнот на меѓуетнички тензии, и кога ја делите Македонија само за да си ги спасите кариерите, и кога го делите Скопје, и кога на скопјани им велите дека згрешиле, дека не знаеле правилно да заокружат, и кога го плашите народот дека доаѓа крајот на светот, само затоа што се ближи вашиот политички крај, дури и тогаш кога не излегувате од минатото уште посилно закопувајќи се во сопствената кал си го покажувате вистинското лице поради што ќе доживеете пораз, потенцираше Мицкоски.

Народот е нашата сила, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека судбините на сите луѓе од земјава се испреплетени и оти нема поделби туку само една заедничка Македонија.

– Нашите судбини се испреплетени. Тоа мора да го разбереме сите. Болката на другите е и моја болка. Болката на луѓето кои загубија блиски во тетовската болница е и моја болка. Болката на земјоделците кои со насолзени очи и бес во себе велат дека не можат да си го продадат родот е и моја болка. Болката за ниските плати и разочарувањата кај луѓето кои ќе отидат во продавница со празен паричник е и мое разочарување. Ако има пензионер кој не може да си ги плати лековите заради малата пензија и треба да одбере дали да купи подарок на внучето или лекови за себе, тоа е моја болка и мој проблем, без разлика што тоа не се мои дедо и баба. Вашата битка е и моја битка, рече Мицкоски.

Обраќајќи се кон власта, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тие не можат „да го спречат овој бран на позитивна енергија и верба во сопствената држава и во себе“.

Во говорот тој истакна дека „нема лева Македонија, нема десна Македонија, дека нема сдсмовска, вмровска Македонија, нема Македонија поделена по етничка или верска основа туку дека има само една заедничка Македонија“.

Според Мицкоски, само уплашените сакаат да ја делат Македонија, да предизвикуваат нови теми на поделба сакајќи да си го заштитат криминалот кој со години, а некои и со децении го прават на грбот на напатениот народ.

-Сакаат да има проблеми, да креираат страв, да кажуваат како ние ако дојдеме ќе има етнички проблеми, ќе има барок, не ни знаат веќе што зборуваат, нема ни логика сето тоа…јас на нив им кажувам – не нè поделија посилни од вас, нема ни вие, има само, само една заедничка Македонија!Нема црвени општини и сини општини, има општини на луѓето на Македонија! И сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати, христијани, муслимани, Евреи, атеисти, сите ние веруваме во својот живот и во својата судбина и во правото да го живееме тој живот достоинствено, во ред и прогрес, а не врзани за измислени поделби на наши и ваши, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги спомена граѓаните кои се двоумат да излезат на гласање, посочувајќи на, како што кажа, филозофијата на надеж и вербата во новата иднина, која ни е на дофат. ев/лв/

 

 

 

Back to top button
Close
Close