0_Web_АктуелноЛокални избори 2021Политички партии

Мицкоски: Решението е зад параванот, потребна ни е нова иднина

Решението е зад параванот. Вие таму сте главни, вие и вашата волја,  вашите соништа и нашата заедничка иднина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Охрид по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) – Решението е зад параванот. Вие таму сте главни, вие и вашата волја,  вашите соништа и нашата заедничка иднина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Охрид по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Тој повторно повика на обединување и масовна излезност, обраќајќи се на сите гласачи кои сакаат промени и нова иднина.

Одлучивме да се бориме, посочи, затоа што имаме еден значаен мотив повеќе, а тоа е новата иднина.

-Новата иднина е долгот на нашите претци, но и обврска за новите поколенија. Новата иднина е нашиот сон овие 30 години за Македонија каква сакаме да ја имаме. Новата иднина е надежта заокружена од секој еден од вас на референдумот таа 91-ва, тој 8 септември. Сетете се на тоа моќно чувство дека сте дел од нешто, дека сте дале нешто за нашата земја, а за жал години потоа не сте добиле ништо. И дека време е, конечно време е денес државата да ви врати вам, рече Мицкоски.

Дополни дека новата иднина е исправање на неправдите во општеството, победа над стравовите, како и победа над делбите на наши и ваши, леви и десни. Новата иднина е исправање на неправдите, ослободување на стегите на ова наше општество. Победа над стравовите, победа над делбите на наши и ваши, леви и десни. Новата иднина е да работиме, да се креваме тогаш и кога паѓаме. Да постигнуваме резултати, да градиме, да создаваме. Да го заштитиме нашето, да се бориме за она во што веруваме, истакна Мицкоски.

Оцени дека за премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, „ова е последната сламка за спас“ и посочи дека тоа не е незаслужено затоа што, како што рече, народот е против него и оти е последица на многу разочарувања и неисполнети ветувања.

Посочувајќи дека Заев е на власт 52 месеци и најмалку три пати рекол дека ја разбрал пораката од народот и повторно продолжува по старо рече дека „токму затоа народот е во апатија, затоа што гледа дека таквото поведение не се менува“.

-Сите жолти картони се потрошени, на ред е само црвениот. А тој овој пат е кај неговото височество- народот, рече Мицкоски.

Уште мал чекор, посочи, не дели до она за што заедно сонуваме. – Ништо не е невозможно победата е на дофат. Излезноста е клучот, порача Мицкоски.

Ги повика граѓаните да се обединат и мобилизираат, со цел да покажат слога во намерата да се направи подобро.

-Во вас е силата. Од вас зависи дали ќе создадеме нова иднина, заедничка, подобра иднина, или ќе останеме потонати во апатијата и безнадежноста. Ги повикуваме сите. Сите гласачи кои сакаат нешто да се промени, и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определиле првично за нас и оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме. Вие сигурно имате оправдана причина да се сомневате. И ние никогаш не сме тврделе дека сме безгрешни, ниту пак совршени. Време е да ги надминеме разликите и да се мобилизираме и обединиме, да покажеме слога и заедништво во намерите да се направи подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија. Со поделби само други користат. Потребни сме заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, сложно, порача Мицкоски.

Нашата борба, посочи тој меѓу останатото во обраќањето, не треба да биде само континуитет на идеите и идеалите кои ги црпиме од големите имиња од нашата историја. Енергијата за нашата борба и мотивот за новата иднина е пред се поради тивките, но големи херои кои се покрај нас. Покрај нас на тезгите по пазарите, на работниците по скелињата, возачите на камионите, докторите по ординациите, земјоделците на нивните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. лв/аб/

 

Таг
Back to top button
Close
Close