Дописници МКДЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Мицкоски од Штип: Локалните избори се одлука во каква иднина сакаат граѓаните да живеат

Не залудно последниот ден од нашата кампања е овде во Штип, затоа што Штип бил круната на многу промени кои се случувале во историјата, а така ќе биде и денес. Ние не завршуваме во Штип, туку ова е почеток, означување на почетокот во нашата битка за промени, и создавање на нова иднина, во битката за вредностите во кои веруваме и за кои се обврзуваме, порача  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршниот митинг од Градскиот плоштад во Штип.

Штип, 15 октомври 2021 (МИА)Не залудно последниот ден од нашата кампања е овде во Штип, затоа што Штип бил круната на многу промени кои се случувале во историјата, а така ќе биде и денес. Ние не завршуваме во Штип, туку ова е почеток, означување на почетокот во нашата битка за промени, и создавање на нова иднина, во битката за вредностите во кои веруваме и за кои се обврзуваме, порача  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на завршниот митинг од Градскиот плоштад во Штип.

Според Мицкоски, времето на промени и создавање на нова иднина започнува. Тој додаде дека после 19 дена кампања, сите граѓани ќе победат.

Ќе победиме затоа што овој пат е јасно Македонија е на нозе, и нема да дозволи апсолутна власт во рацете на неодговорни луѓе, уште нови четири години од нашите животи заедно да ги  потрошат. Сите овие луѓе бараат парче достоинство за себе, решавање на нивните проблеми, одговорност, сигурност и среќа во нивните животи, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ посочи дека локалните избори се одлука во каква иднина сакаат граѓаните да живеат.

Ние имаме држава, но немаме колективни успеси. Ние денес имаме соништа, но имаме власт која го ограничува индивидуалниот потенцијал да стане колективна победа. Немаме здрав систем, но имаме изместени вредности. Затоа ја водам оваа битка, затоа што нам ни треба иднина, во која сите заедно без исклучок ќе успееме, вели Мицкоски.

Тој порача дека победата е на дофат, дека оттука започнува крајот на власта на СДСМ и Зоран Заев и доаѓа создавањето на новата иднина, затоа поабра од граѓаните на Македонија да не наведнуваат глава како што сака власта туку гордо со подигната глава да излезат на 17 октомври и да гласат за промените.

– Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете мојата битка е и ваша битка, а целата ни е иста.  Земете учество во создавањето на новата иднина. Оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промени, која ќе ги оствари синовите во кои сме верувале и за кои сме мечтаеле, рече Мицкоски.

Тој истакна дека излегувањето на гласање е најдобар одговор и на поткупот кој го прави власта овие денови. Додаде дека нема невозможни работи, потребна е челична волја и верба, а  нашата борба е за сегашните но и идните генерации по нас, вреднувајќи ја жртвата на нашите родители, и желбата за успех на нашите деца.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашниот централен митинг во Штип, истакна дека заврши времето на поделби, заврши времето на наши и ваши и дека сега доаѓа времето на новата заедничка иднина, време на единство, време на подобра иднина за сите граѓани на Македонија.

Својата програма вечерва ја презентираше и кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов.вдј/бт/

Back to top button
Close
Close