0_Web_Насловна-слајдерЛокални избори 2021ПолитикаПолитички партии

Мицкоски: Излезете на гласање и ставете крај на злоупотребите и поделбите

Во населбата Иванидол во Кичево, вечерва средба со членовите и симпатизерите оствари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.

Кичево, 25 октомври 2021 (МИА) – Во населбата Иванидол во Кичево, вечерва средба со членовите и симпатизерите оствари лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во придружба на кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.
Мицкоски ги повика граѓаните да излeзат на избори и слободно и независно од било какви притисоци да ја изразат својата волја.
– Како поминува времето до денот на гласање притисоците, пропагандната машинерија на власта, обидите за поткуп на вашиот глас се засилуваат. И тоа го прават не затоа што се моќни, туку затоа што се слаби и знаат дека ќе загубат. Само слаба власт посегнува кон злоупотреба на моќта на државата. И тука сакам да потенцирам неколку работи. Лудилото во кое се наоѓаат пред се поради стравот од пораз кој ќе им се случи е толку големо што тие посегнаа да шират невистини, да подгреваат тензии, да измислуваат работи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево.
Обвини дека во повеќе општини и градови локални функционери на власта им се заканувале на вработените во администрацијата, дека доколку дојде во промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги брка од работа.
– Не се плашете затоа што тие кои го велат тоа треба единствено тие да се плашат затоа што јас ги гледав во очи и им велев ќе одговарате за сите криминали. Луѓето кои работат за плата не смеат да бидат мета на политички прогон, ниту пак ми паѓа на памет да правам некаква одмазда кон недолжни граѓани. Треба и конечно да заврши времето кога луѓето кои се недолжни ќе треперат за тоа дали ќе се промени власта затоа што може да останат без работа, рече Мицкоски.
Тој кажа и дека СДСМ и ДУИ водат кампања на оцрнување против ВМРО-ДПМНЕ, особено во Кичево.
– Им текнало ќе разгоруваат етнички тензии и ќе кажат дека ВМРО -ДПМНЕ биле националисти. Па за да го засилат впечатокот ДУИ ќе повика на мобилизација против ВМРО-ДПМНЕ, и сето така тоа ќе биде филувано во дел од новоформирани портали на албански јазик, рече Мицкоски.
Нагласи дека најголем непријател на етничките односи се партиите од власта, „кои кога ќе кажат дека ги бранат Албанците и Македонците, всушност го бранат криминалот“.
– Проблемите и маката на Македонецот е еднаква со таа на Албанецот. Она што треба да се промени се криминалните структури на власта кои профитираат на грбот на обичниот народ. Кичево е пример за тоа каде со години не се развива додека паричниците на тие поединци на власта се зголемуваат постојано, рече Мицкоски.
Се осврна и на најавата на лидерот на СДСМ Заев дека ќе има „game change“, поосчуваји оти наместо тоа народот во недела на власта ќе и испорача „game over“.
Мицкоски ги повика граѓаните од сите националности да се обединат и во недела да прогласат победа во Кичево на нивниот кандидат за градоначалник Александар Јовановски.
– Зад параванот сте сами вие и вашата волја, вие и вашата желба за промени. Затоа што промените започнаа, и ајде сега сите заедно да ги финишираме со голема победа во недела. Македонци и Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, леви и десни, да се обединиме и заедно да победиме, порача Мицкоски од Кичево.за/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close