0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПолитички партии

Мицкоски и Владев во обиколка на започнатите проекти во Свети Николе

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев денеска во обиколка на проектите, кои се реализираат во општината, која е центар на Овче Поле. Мицкоски истакна дека продолжуваме низ Македонија, онаму каде што  ветувале да испорачаат тоа што  го ветиле.

Штип, 28 ноември 2021 (МИА) – Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев денеска во обиколка на проектите, кои се реализираат во општината, која е центар на Овче Поле. Мицкоски истакна дека продолжуваме низ Македонија, онаму каде што  ветувале да испорачаат тоа што  го ветиле.

-Од тоа што можам тука да го видам во Свети Николе е дека изминатиот период многу малку се сработило, а тоа што се сработило се направило неквалитетно. Затоа нашите заложби во периодот кој следи ќе  бидат динамични и сакаме да го зголемиме интензитетот и динамиката на реализација на проектите, на тоа што сме го ветиле пред светиниколчани и во централниот дел, но и во руралните средини и селата кои се составен дел на општината. Навистина импресивно сето ова делува и јас сум тука да ги поддржам сите проекти кои на чесен и транспарентен начин ќе бидат изработени со многу дисциплина и голем мотив, вели Мицкоски.

Посочи дека на граѓаните им е преку глава од политиканство и сето она кое политичарите изминативе 30 години го прават во Македонија, а тие го гледале.

-Потребно е да ги засукаме ракавите и да работиме. Јас го охрабрувам градоначалникот и сите кои се дел од општинската администрација да продолжат по тој пат и да испорачаат она кое што го ветиле за време на кампањата за овие локални избори, рече Мицкоски.

Градоначалникот на Свети Николе, Владев истакна дека од денеска го започнуваат проектот реконструкција на речното корито на Горобинска река, со која долго време граѓаните на општина Свети Николе имаат големи проблеми.

-Значи се работи за голем потег, оваа е прва фаза, 76 метри од горе до мостот на основното училиште ќе биде извршено комплетно реновирање на овој потег, со армирана подлога, а потоа со ставање на каменска подлога и покрај дното на реката и покрај самото речно корито. Значи ова е само почеток а за втората фаза веќе се предвидени средства од буџетот на општина Свети Николе за 2022 година и планираме до крајот 2022 година да биде комплетно реновирано речното корито. Паралелно со оваа работа планираме да направиме и уште неколку работиме за да биде разубавен животот на граѓаните на општина Свети Николе, вели Владев.

Во овој дел планирани се нови паркинг места, а покрајот кејот на реката ќе се гради и пешачка патека со урбана опрема, како и детско игралиште.

-За детското игралиште можеме да кажеме дека веќе  се обезбедени средства од донаторите предводени од генерал Хаџи Јанев. Утре од 9 часот во општина Штип имаме средба во која ќе го официјализираме овој дел односно донацијата меѓу 10 и 15 илјади евра од страна на овие донатори на чие чело е генерал Хаџи Јанев. Паралелно со ова продолжуваме и со другите работи, вели Владев.

Се работи на асфалтирање на неколку семејства, како и поставување на канализациска мрежа во населбите Рудине и Бел Камен. На наредната седница на Советот ќе се донесе одлука и за искористување и на останатите 20 милиони денари од Светска банка за изградба на улици на Горубински и Сопотски пат. Во селото Орел ќе се гради водовод, чија вредност е 5,7 милиони денари, а средствата се грант од Светска банка. вдј/лв/

 

Back to top button
Close
Close