Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Мицкоски до земјоделците: Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател, партнер за решавање на вашите проблеми и маки

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од митингот во општина Карбинци, на кој беше помовирана програмата на кандидатот за градоначалник, Виктор Паунов, како и кандидатите за Советот на општината  им се обрати и на земјоделците.

Штип, 15 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од митингот во општина Карбинци, на кој беше помовирана програмата на кандидатот за градоначалник, Виктор Паунов, како и кандидатите за Советот на општината  им се обрати и на земјоделците.

– Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија, луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат да ве излажат. Нема ништо и да се промени со нив, работите ќе тргнатна подобро кога ќе се смени оваа власт. Во ВМРО-ДПМНЕ имате пријател и соговорник, партнер за решавање на вашите проблеми и вашите маки, рече  Мицкоски.

Точно знам, рече Мицкоски, со што се соочувате. Ги повика да излезат на овие избори и да гласаат за промени од кои, како што рече, ќе тргне создавањето на новата иднина, и на новото време кое треба да донесе за вас сигурност и повеќе грижа.

Мицкоски од Карбинци се обрати и до пензионерите.

– Барам и замолувам поддршка од пензионерите, од тие кои својот живот го дадоа за подобра иднина, а сега оваа власт ги разочарува. 52 месеци не им ги покачија пензиите, туку им ги скратија за да имаат повеќе за крадење. Заслужувате достоинствена старост, почит од државата и она што ви следува, повисоки пензии, поголема грижа. И таа ќе ја имате, и затоа се потребни промени, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери завршниот митинг пред изборниот молк го имаат вечерва во Штип. На градскиот плоштад „Слобода“ ќе се обратат кандидатот за градоначалник за Штип, Иван Јорданов и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. вдј/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close