Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Мицкоски во Кочани повика за масовна излезност на вториот круг од локалните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жители од Кочани со цел да ги слушне ставовите за реалноста во која живеат и да ги повика в недела да го остварат своето право на глас.

Кочани, 27 октомври 2021 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жители од Кочани со цел да ги слушне ставовите за реалноста во која живеат и да ги повика в недела да го остварат своето право на глас.

– Неколку дена пред вториот круг мојата порака до жителите на Кочани е да излезат масовно на локалните избори и да му дадат поддршка на кандидатот Љупчо Папазов, затоа што на тој начин можеме сите ние заеднички да создадеме нова иднина, којашто ќе го порази ова политичко мочуриште и оваа наша погрешна реалност што ја живееме. Само на тој начин ќе можат сите проекти коишто се значајни за народот на Македонија да бидат реализирани, истакна Мицкоски.

Според Мицкоски, неостварувањето на гласачкото право ќе биде потврда за локалната власт дека тоа што досега го работеле било исправно и дека на тој начин ќе продолжат да ја распродаваат и пљачкаат Македонија, народот на Македонија и народот на Кочани. та/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close