0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт.Слајдер

Михаела Лазаровска урна 14 години стар рекорд во скок во височина

Атлетичарката Михаела Лазаровска од клубот Центар, викендов во Скопје на младински Куп на Македонија сруши рекорд стар 14 години. Таа во дисциплината скок во височина го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци. Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова државна рекордерка во младинска конкуренција.

Скопје, 27 септември 2021 (МИА) – Атлетичарката Михаела Лазаровска од клубот Центар, викендов во Скопје на младински Куп на Македонија сруши рекорд стар 14 години. Таа во дисциплината скок во височина го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци. Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова државна рекордерка во младинска конкуренција.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје дводневната програма беше исполнета со 16 дисциплини, учество земаа по девет тима во машка и во женска конкуренција

Севкупен победник на купот е АК Работнички со 75 бодови, голем дел од нив или вкупно 59 овој клуб ги освои во машка конкуренција. На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку, по што следуваат АК Куманово, АК 7-ми Мај, АК Лириа, АК Дрини Старт, АК Олимп и АК Охрид

Работнички доминираше во машка конкуренција, со 59 бода, додека во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close