Политички партии

Митева: Неуспешните економски политики на СДСМ не може да резултираат со успех во енергетиката

Се уште не се знае колку државата ќе ја чини кризната состојба  на пазарот со топлинска енергија. Познато е само дека со 6 милиони евра од буџетот ќе се помогне БЕГ да ги покрие високите трошоци за гас. Не се знае ниту кога точно ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ. Компанијата БЕГ, која испорачува топлина за најголем дел од корисниците на парно греење во Скопје досега и должи на централата „ТЕ-ТО“ скоро три милиони евра за испорака на топлинска енергија. Само во првите 16 дена од месецов, долгот кон „ТЕ-ТО“, која освен струја, произведува и топлинска енергија е речиси еден милион евра.

Скопје, 18 јануари 2022

Неуспешните економски политики на СДСМ не може да резултираат со успех во енергетиката, тоа се гранки кои се поврзани и зависни една од друга. СДСМ минатата година ја заврши со прогласување на енергетска криза, а почетокот на оваа година го дочека со криза во снабдување со топлинска енергија. Единствена причина за ова е неспособноста на СДСМ. Од истите луѓе во економскиот и енергетскиот сектор можеме да очекуваме исти погубни и лоши политики. Бислимоски како прв човек на РКЕ уверуваше дека нема да се покачи парното, нема да се покачи цената на гасот, дека компаниите се спремни за грејната сезона, реалноста е сосема спротивна парното е поскапено, цената на гасот е поскапена и компаниите работат со загуба.

Додека ревносно се обидуваат да се претстават како решение на проблемите, фактите излегуваат на површина. Се уште не се знае колку државата ќе ја чини кризната состојба  на пазарот со топлинска енергија. Познато е само дека со 6 милиони евра од буџетот ќе се помогне БЕГ да ги покрие високите трошоци за гас. Не се знае ниту кога точно ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ. Компанијата БЕГ, која испорачува топлина за најголем дел од корисниците на парно греење во Скопје досега и должи на централата „ТЕ-ТО“ скоро три милиони евра за испорака на топлинска енергија. Само во првите 16 дена од месецов, долгот кон „ТЕ-ТО“, која освен струја, произведува и топлинска енергија е речиси еден милион евра.

Зошто Владата дозволи да се прогласи кризна состојба со снабдување на топлинска енергија кога цената на гасот како енергенс е ситуација која може да се предвиди? Зошто Владата на СДСМ не успеа да обезбеди гас по ниска цена како што тоа го направија и останатите земји од регионот и светот? Зошто Владата на СДСМ го претставува ова како свој успех кога цената на гасот повторно ќе се плаќа од парите на граѓаните?

Почитувани, додека просечниот граѓанин нема пари да ја помине зимата, додека високите цени во маркетите, поскапената струја за 15%, поскапеното парно за 14% го осиромашува домашниот буџет, СДСМ нуди парцијални решенија кој долгорочно со сигурност ќе имаат негативен ефект.

Прес-конференција на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close