0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталОстанатоСпорт

Министрите за спорт на САД, Велика Британија, Полска и 30 други земји предложија зголемување на санкциите против рускиот спорт

Министрите за спорт на 33 земји потпишаа документ со иницијатива за нови санкции против Русија и Белорусија. Ова го изјави министерот за спорт и туризам на Полска Камил Бортничук.

Варшава, 2 јули 2022 (МИА) – Министрите за спорт на 33 земји потпишаа документ со иницијатива за нови санкции против Русија и Белорусија. Ова го изјави министерот за спорт и туризам на Полска Камил Бортничук.

Станува збор за статусот на руските и белоруските спортски федерации во меѓународните организации, како и за претставниците на двете земји во органите на управување.

Дополнително, се предлага да се разгледа прашањето за телевизиски преноси на меѓународни спортски настани на териториите на Русија и Белорусија.

Заедничкиот документ беше одобрен од официјални лица од 25 земји на ЕУ (сите освен Бугарија и Унгарија), како и од Британија, САД, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Кореја, Јапонија, Норвешка и Канада. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close