Дописници МКДЛокални избори 2021Политички партии

Милошоски од Ресен повика на масовна излезност и поддрша за Тозиевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет во партијата Антонио Милошоск ги повика жителите на Преспа да го поддржат кандидатот за градоначалник, Јован Тозиевски во вториот изборен круг на 31 октомври и како што рече, да дозволат Ресен да направи чекор напред.

Ресен, 25 октомври 2021 (МИА) – Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет во партијата Антонио Милошоск ги повика жителите на Преспа да го поддржат кандидатот за градоначалник, Јован Тозиевски во вториот изборен круг на 31 октомври и како што рече, да дозволат Ресен да направи чекор напред.

При посетата на селото Јанковец тој изрази благодарност за поддршката во првиот изборен круг, како на кандидатот за градоначалник, така и на советничката листа предводена од оваа партија.

– Tука од Ресен, од Јанковец, сакам да испратам една порака. Mногу сме задоволни од победата на нашата листа на советници во општина Ресен, сметаме дека ќе биде клучна во креирањето на новото мнозинство во Советот, истакна Милошовски.

Тој забележа дека граѓаните се незадоволни од актуелниот градоначалник Живко Гошаревски.

– Имаме млад, способен човек, спремен со проекти и добар тим, Тозиевски може Ресен реално да го води напред и да води проекти, што ќе бидат од интерес за сите граѓани, рече Милошовски.сс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close