Локални избори 2021Политички партии

Милошоски: Во Ранковце Борче Спасовски освои најмногу гласови во прв круг, ја очекуваме поддршката на граѓаните за победа и за вториот

Времето за промени дојде, тоа го покажа народот во првиот изборен круг и во Прилеп, и во Велес, и во Штип, и во цело Скопје, и во други 22 општини, затоа е време за промени и во Ранковце, рече во видеообраќање Антонио  Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Крива Паланка, 26 октомври 2021 ( МИА) – Времето за промени дојде, тоа го покажа народот во првиот изборен круг и во Прилеп, и во Велес, и во Штип, и во цело Скопје, и во други 22 општинизатоа е време за промени и во Ранковце, рече во видеообраќање Антонио  Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се заблагодари за довербата во првиот круг.

-Како водечки кандидат, Борче Спасовски покажа дека ја ужива поддршката на сите жители на Ранковце и очекуваме во вториот изборен круг во една мирна, достоинствена атмосфера да ја направиме промената и во Ранковце, и во Кратово, и во Пробиштип и во сите останати општини во третата изборна единица каде што погрешните економски политики на Заев очекуваме да бидат поразени од народот, порача Милошоски.

Во првиот изборен круг од локалните избори во Општина Ранковце имаше четири кандидати – Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 959 гласа или 42.60 отсто од вкупниот број гласови, Даниел Крстевски до СДСМ и коалицијата, кој освои 871 глас или 38.69 отсто од вкупнито број гласови, Михајло Ристовиќ од Интегра со освоени 45 гласови и Ивица Тошевски, независен кандидат со 319 гласа.

Во вториoт круг во трката за градоначалничката функција влегуваат Спасовски и Крстевски.

На вкупно 17 избирачки места во Општина Рановце право на глас имаат 3014 граѓани. ид/хс/

Back to top button
Close
Close