0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Милан се договори со Ренато Санчез

Играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез може да ја продолжи кариерата во Италија. Според новинарот Фабрицио Романо, Милан се договорил за соработка со португалскиот репрезентативец.

Милано, 8 јуни 2022 (МИА) – Играчот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез може да ја продолжи кариерата во Италија. Според новинарот Фабрицио Романо, Милан се договорил за соработка со португалскиот репрезентативец.

Според информациите од Италија, се чека клубовите да се договорат за висината на трансферот.

Актуелниот договор на 24-годишниот Португалец со Лил е до летото 2023 година.

Во сезоната што неодамна заврши, Санчес одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и беше творец на пет асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close