0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Милан е подготвен да плати 15 милиони евра за Диало

Шампионот на Италија, тимот на Милан е заинтересиран за потписот на одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Абдо Диало.

Милано, 30 јуни 2022 (МИА) – Шампионот на Италија, тимот на Милан е заинтересиран за потписот на одбранбениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Абдо Диало.

Според „Калчомеркато“, италијанскиот клуб е подготвен да плати 15 милиони евра за 26-годишниот Сенегалец.

Да потсетиме дека во 2019 година, ПСЖ на Борусија Дортмунд и плати 32 милиони евра за Диало.

Диало минатата сезона забележа 16 настапи во сите натпреварувања за парискиот клуб и постигна асистенција.

Претходно, Милан се согласил на договор со дефанзивецот Свен Ботман, но Њукасл дал подобра понуда и го доби играчот на Лил. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close