0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Милан е заинтересиран за потписот на Ачерби

Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби може да ја продолжи кариерата во Милан. Според „ИТАСпортПрес“, тренерот Стефано Пиоли сака да го види фудбалерот во клубот од Милано. Детали за можниот договор не беа откриени.

Милано, 26 јуни 2022 (МИА) – Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби може да ја продолжи кариерата во Милан. Според „ИТАСпортПрес“, тренерот Стефано Пиоли сака да го види фудбалерот во клубот од Милано. Детали за можниот договор не беа откриени.  

Претходно беше објавено дека Ачерби би можел да ја продолжи кариерата во Монца, која стигна до Серија А.  

Минатата сезона Ачерби одигра 36 натпревари на кои постигна четири гола и две асистенции.  

Порталот „Трансфермаркт“ го цени играчот на пет милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close