0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Милан ги откупи правата на Флоренци од Рома и тргнува по Зиех од Челзи

Италијанскиот фудбалски шампион Милан интензивно работи на засилувања за новата сезона. На својата официјална веб-страница „росонерите“ објавија за потписот на Алесандро Флоренци од Рома. Фудбалерот потпиша договор со Милан до 30 јуни 2025 година.

Милано, 2 јули 2022 (МИА) – Италијанскиот фудбалски шампион Милан интензивно работи на засилувања за новата сезона. На својата официјална веб-страница „росонерите“ објавија за потписот на Алесандро Флоренци од Рома. Фудбалерот потпиша договор со Милан до 30 јуни 2025 година.

Претходно Флоренци играше за Милан во сезоната 2021/22 како позајмен играч. Минатата сезона Флоренци учествуваше на 30 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.

Миланезите се во преговори и со Челзи за мароканскиот репрезентативец Хаким Зиех

Според новинарот Фабрицио Романо, Милан веќе една недела е во директен контакт со Челзи околу трансферот на играчот.

Дваесет и деветгодишниот Зиех е отворен за преселба во клубот. Претходно беше објавено дека Милан е подготвен да плати 5 милиони евра за позајмица.

Во сезоната 2021/22,Зиех постигна осум гола и шест асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close