МИА ФлешПакети

МИА Флеш

28 октомври 2021

28 октомври 2021

Скопје – До крајот на изборната кампања преостануваат уште два дена, а лидерите на најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со сличен став во однос на обединување на граѓаните, но со критички настроени едни кон други. Зоран Заев повика на обединување за спокоен и квалитетен живот, со цел да се остави режимот во минатото. Христијан Мицкоски, пак порача дека нема да ги двојат граѓаните според политичката партија и оти сакаат да бидат нивни сојузници и пријатели.

Од вчерашните митинзи во Демир Капија, Росоман и Гевгелија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев порача дека Обединети – напред е единствениот концепт што во себе го носи капацитетот да го остави режимот во минатото.

Битола – Државната изборна комисија утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од Локалните избори.

Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблеми од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК.

Скопје – Не гледам конкуренција меѓу Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и Отворен Балкан, ниту некаква поделба или отфрлање на другите земји. Работата е Северна Македонија, Србија и Албанија да не чекаат, да одат малку побрзо, а да бидат отворени за сите останати. Другите треба да согледаат дали овие три држави договорија и прават нешто вистински корисно и ако да, да речат: „па ајде и ние“, вели во интервју за МИА поранешниот генерален секретар на Советот за регионална соработка и дипломат, Горан Свилановиќ.

Според него, деловната заедница и луѓето од регионот воопшто, бараат конкретен бенефит и операционализација на соработката дефинирана на хартија.

Скопје – Претставници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Амбасадата на Република Србија денеска ќе потпишат нов меморандум за соработка меѓу факултетите/универзитетите во двете земји.
Со овој меморандум, како што информираат од Деканатот на Филолошкиот факултет, се засилуваат веќе воспоставените врски меѓу двете земји на планот на високото образование, а се отвораат и нови можности за натамошно унапредување на соработката.

Скопје – Со доделување на наградите за особен придонес во филмската уметност, но и со проекција на филмот „Бановиќ Страхиња“ во режија на Стефан Арсенијевиќ синоќа свечено беше отворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

Од Агенција за филм соопштија дека „Киненова“ и во оваа шеста фестивалска едиција ги промовира вредностите на раните први и втори филмски остварувања на режисерите и сценаристите.

Париз/Лондон – Франција издаде предупредување до британски бродови што ловат риба во водите во близина на пристаништето Авр, соопшти денеска владата, додека растат тензиите меѓу соседите околу договорот за рибарење по Брегзит.

Француското Министерство за поморски работи соопшти дека во текот на изминатата ноќ издало предупредување до два брода, од кои едниот бил пренасочен кон француско пристаниште. На капетанот на бродот му се заканува судска постапка и одземање на уловот.

Берлин – Германското Министерство за одбрана соопшти дека има значително зголемување на бројот на крајнодесничарски инциденти во германската армија.

Портпаролот на Министерството за одбрана Дејвид Хелмболд изјави дека бројот на осомничени за десничарски екстремизам се зголемил од 363 во 2019 година на 477 случаи минатата година.

Брисел – Раководството на Европската унија потврди дека ги поддржува напорите за формирање  независна држава Палестина и дека и натаму е посветена на надминување на палестинско-израелскиот конфликт врз основа на решение за формирање две држави.

Палестинскиот премиер Мохамед Шајех во Брисел одделно се состана со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Барселона – Барселона има намера да го назначи поранешниот играч од средниот ред на клубот Чави за главен тренер. Каталонците се надеваат дека ќе успеат да ги средат сите детали во текот на денешниот ден, пренесува телевизијата „El Chiringuito“.

Некои од играчите на каталонскиот фудбалски великан веќе разговарале со 41-годишниот стручњак.

Минхен – Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Томас Милер им се извини на навивачите за катастрофалниот пораз од Борусија Менхенгладбах.

Баварците синоќа на гостувањето во Менхенгладбах загубија со 5:0 во 1/16-финалето на Купот на Германија.

Скопје – Утрово времето ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.

Back to top button
Close
Close