МИА ФлешПакети

МИА Флеш

27 октомври 2021

27 октомври 2021 

Стразбур – Во Северна Македонија постои јасно видлива политичка определба за спроведување на децентрализацијата, но потребно е дополнително разјаснување на законодавството и понатамошно унапредување на реформите во сферата на локалната самоуправа, се наведува во Препораката за земјава што денеска едногласно ја усвои Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, коизвестителите за земјава, Харалд Бергман од Холандија и Зденек Броз од Чешка го поздравија фактот што Владата „стави силен акцент на процесот на децентрализација“, што е потврдено и со усвојувањето на новата Програма за одржлив локален развој и децентрализација за периодот 2021-2026 година.

Скопје – Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.

– На 16.10.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворно место на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија, соопштија денеска од МВР.

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Исламската Република Пакистан во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Мариам Мадиха Афтаб.

Како што соопшти кабинетот на Претседателот, на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека како одговорна членка на меѓународната заедница, Република Северна Македонија им придава значење на односите со сите држави, за доброто на нашите народи, обезбедување и зацврстување на мирот во светот, како и одржлив развој и економски просперитет.

Скопје – Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница изгласа поништување на вчера донесената измена на Упатството за важечки и неважечки ливчиња. Претседателот на ДИК Александар Даштевски и членот на Комисијата Борис Кондарко објаснија дека оваа измена на Упатството произлегла од пресудата на Управниот суд за избирачкото место во Шуто Оризари и каде судот констатира дека е недозволиво поради пропусти на избирачкиот одбор односно не ставање печат, гласачките ливчиња да се прогласуваат за неважечки.

– ДИК не вчерашната седница не го отстрани ставањето на печат на гласачкото ливче. Ставањето на печат на гласачко ливче е задолжително согласно со член 109 став 2 од Изборниот законик. Со тоа секој член на избирачкиот одбор кој работи со гласачките ливчиња задолжително треба да стави печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат. Ваквата измена на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик произлезе од пресудата на Управниот суд каде што меѓудругото се вели: во таа смисла недозволиво е поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки“. Поради ова ДИК го измени Упатството за важечко и неважечко гласачко ливче само во делот каде што се вели дека гласачко ливче е неважечко ако на него нема ставено печат со интенција да се почитува волјата на гласачот доколку е направен намерен или ненамерен пропуст од страна на избирачкиот одбор, објасни Даштевски.

Скопје – Во Општина Илинден денеска официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.

Александар Георгиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден во наредните четири години.

Софија – Претседателот на Бугарија Румен Радев во Претседателството прими делегација на бугарската заедница во Република Северна Македонија, составена од претставници на политичката партија Граѓанско-демократска унија, здруженијата Центар за култура „Иван Михаилов“ од Битола, „Трибина“ од Прилеп, Македонска – бугарско пријателство од Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид и „Единство“ од  Кочани.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е прва средба на бугарски претседател со претставници на Бугари од С Македонија.

Скопје – Данска и Италија со нови Ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти во оваа земја ќе можат да се влезе со валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест. 

Во Италија, пак, македонските граѓани не ќе можат да патуваат туристички. Влез ќе биде дозволен само за работни потреби, итни или здравствени потреби, студирање…

Скопје – Данела Арсовска се определила да биде почесен унгарски конзул, да биде мост меѓу Северна Македонија и Унгарија и да застапува друга држава, сега испаѓа дека е државјанин на трета држава. Тоа е сепак премногу, па уште се кандидира и за градоначалник. Во Скопје сепак се бира градоначалник, а не кмет, за тоа може да се кандидира во Бугарија. Ова изутринава го изјави премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Тој кажа дека нема ништо лошо во тоа што Арсовска е бугарски државјанин, но дека е политички, етички и морално нечесно тоа што го крие тоа и се обидува да ги манипулира граѓаните. – Очекувам кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска да се повелече бидејќи не смее да го понижува народот до толку. Треба веднаш да се повлече ако малку го сака Скопје и скопјани. Ако таа сега вака нечесно се поставува, што ќе се случи доколку биде избрана, запраша Заев.

Скопје – Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска на неговиот фејсбук-профил наведе дека во недела, на вториот круг од локалните избори, ќе го поддржи актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов. Тој истовремено порачува дека лекцијата од првиот круг Локални избори е оти мора да се работи поинаку, далеку подобро и поискрено.

– Со ова писание сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест. Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми, истакна Димитров, за кандидатот од редовите на владејачката СДСМ.

Софија – Бугарскиот претседател Румен Радев го прекршил Уставот на земјата кога на 10 мај годинава го назначи Кирил Петков за министер за економија во преодната влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова денеска го одлучи Уставниот суд на Бугарија. Одлуката е донесена речиси едногласно, бидејќи само еден судија ја прифати одлуката со спротивно мислење.

Тирана – Во затворот со висок степен на безбедност, во албанскиот град Пеќин, 150 затвореници веќе втор ден штрајкуваат со глад.

Извори за „Топ чанел“ потврдиле дека тие на овој чекор се одлучиле бидејќи не им се дозволуваат средби со лица кои сакаат да им дојдат во посета.

Тирана – Состојбата со масовното труење од водата за пиење во Круја останува загрижувачка, а до денеска наутро лекарска помош во градската болница побарале 500 лица од сите возрасни категории, пренесува Ора њуз.

Лекарите за телевизијата изјавиле дека граѓаните на кои им била укажана прва помош се вратиле во своите домови.

Скопје – Во земјите од Источна Европа регистрирани се рекорден број на новозаболени од Ковид-19, како и зголемен број на смртни случаи. Русија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Романија и Полска се погодени од нов бран на конавирусот.

Во Русија денеска се потврдени 1.123 смртни случаи, што е највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа регистрирани се 36.582 новоинфицирани лица, од кои 5.789 во Москва.

Мадрид – Шпанската Влада вчера усвои предлог-закон со кој се предвидуваат награди за лицата кои издаваат станови, а ќе ја намалат киријата, како и поголем данок за тие кои имаат повеќе празни домови.  Предлог-законот е дел од програмата за справување со станбената криза во земјата.

Предлог-законот предвидува даночни олеснувања за лицата кои издават станови и се подготвени да ги намалат цените за изнајмување за минимум пет проценти во областите со голема побарувачка за станови.

Јангон – Мјанмарската уапсена поранешна премиерка Аунг Сан Су Чи вчера за првпат сведочеше пред судот откако беше сменета со државниот удар и притоа ги негираше обвиненијата на хунтата, се наведува во извештаите на локалните медиуми, пренесува ДПА.

Еден од нејзините адвокати, кој побара да остане анонимен, за локалниот портал „Myanmar Now“ изјави дека „таа доби можност многу добро да ја брани својата невиност“, но одби да даде какви било детали бидејќи сите адвокати се под наредба за молчење.

Минхен – Играчот од средниот ред на Баерн, Корантин Толисо, има намера да го напушти тимот како слободен играч, тврди Николо Шира.

Според италијанскиот новинар, преговорите за продолжување на договорот со 27-годишниот Французин веќе се прекинати, а агентот на играчот почнал да работи на пронаоѓање на нов клуб.

 

 

Back to top button
Close
Close