МИА ФлешПакети

МИА Флеш

6 октомври 2022

6 октомври 2022

Скопје – Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.

Скопје – Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ ја истакна важноста за вклучување и соработка со различни општествени чинители, ставајќи акцент на Парламентот, како клучна институција за напредокот на преговорите и нивната динамика.

– Парламентот е значаен партнер во пристапувањето во Европската унија и затоа улогата на неговите тела – Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, ќе ги дефинираме преку Меморандум за соработка. Согледувајќи ја важноста да се има национален консензус, ќе ги направиме сите напори опозицијата да се вклучи во процесот, рече Маричиќ.

Стразбур – Во Европскиот парламент во Стразбур заврши 20-от Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација), со усвојување заеднички препораки. МПК за првпат се одржува откако Северна Македонија ги отпочна преговорите за членство во ЕУ. 

Претставниците на европските институции, европратениците и македонските пратеници инсистираа на фактот дека започна нова фаза во односите меѓу ЕУ и Република Северна Македонија, а земјата мора да остане посветена на реформите и потребен е консензус за евроатлантските процеси, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Скопје – Младинскиот образовен форум и Радио МОФ во партнерство со Агенцијата на OН за бегалци (УНХЦР), објавува повик за дводневна работилница за мобилно новинарство што ќе се одржи помеѓу 10 и 14 октомври, од 10 до 18 часот.

Учесниците на работилницата ќе се стекнат со потребното знаење за креирање новинарски продукти поврзани со бегалци, баратели на азил, мигранти и лица без државјанство. Ќе добијат информации поврзани со основните права на бегалците, војната во Украина и бегалската криза, статусот на мигрантите во Украина, репродуктивните аспекти на бегалската криза и дополнително, како и знаења и техники за мобилно новинарство преку теоретски предавања и практични вежби.

Скопје – Изборните резултати од четвртите предвремени парламентарни избори што се одржаа на 2 октомври, не водат кон формирање стабилна влада во Бугарија, туку по се изгледа се вовед во нови избори, сигурна е само доминацијата на претседателот Румен Радев кој при такво сценарио би го именувал новиот службен владин кабинет.

Ова е оценката на политичките аналитичари и наши поранешни амбасадори во Република Бугарија Ѓорги Спасов и Марјан Ѓорчев.

Скопје – Без оглед на изборните резултати од четвртите предвремени парламентарни избори што се одржаа на 2 октомври, и каква влада ќе биде формирана политичка или техничка, не може да се очекува промена на ставовите на официјална Софија во односот кон Скопје, оценуваат во коментар за МИА политичките аналитичари и наши поранешни амбасадори во Република Бугарија Ѓорги Спасов и Марјан Ѓорчев.

Амбасадорот Спасов наведува дека засега никој нема моќ тие ставови да ги промени. Сите се обрзани со Декларацијата на бугарското Народно собрание и со францускиот предлог кој го прифати и Северна Македонија.

Скопје – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обвинува Владата за економско и енергетско фијаско и повторно порачува дека на компаниите и на граѓаните им е потребна помош.

Во објава на Фејсбук, Мицкоски денеска пишува дека македонското стопанство плаќа осма најскапа струја во Европа и оти СДСМ за пет години ја зголемиле цената за 2,5 пати.

Белград -Земјите-членки на ЕУ вчера гласаа за осмиот пакет санкции против Русија, кои имаат за цел да ја ограничат цената на нафтата што Русија ја извезува во Европската унија и трети земји.

Оваа одлука се однесува и на Србија, бидејќи во неа е опфатена забраната за увоз на руска нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ) низ Хрвтаска, преку кој годишно од Русија во Србија стигнувале во просек од 16 до 20 отсто од овој енергетски производ, јави дописникот на МИА од Белград.

Атина – Уште еднаш, толеранцијата на Турција за мрежите на бескрупулозните криумчари чини човечки животи, рече министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис за двете несреќи со чамци со мигранти во близина на островите Лезбос и Китира, во кои  17 лица загинаа, десетици се исчезнати, а над 80 беа спасени, јави дописичката на МИА од Атина.

Во првата несреќа кај Лезбос, според официјалните информации од грчката крајбрежна служба, извлечени се безживотните тела на 16 жени и едно дете, а спасени се девет жени.

Прага – Перт Фијала, премиерот на Чешката Република која претседава со Европската унија, го најави првиот Самит на 44 шефови на држави во Европа како можност за понеформални дискусии за прашања од областите на безбедноста и мирот, економската и енергетската криза и за целите во заштитата на животната средина.  

„Чешкото претседателство со ЕУ е соочено со огромни предизвици и кризи низ кои поминува Европа, што ќе бидат тема на првите разговори на Европската политичка заедница, независно дали се работи за мирот и безбедноста, енергијата, животната средина, економијата.

Бангкок – Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата.

Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, а меѓу жртвите имало најмалку 22 деца

Скопје – Со натпреварот ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром, вечер во 19 часот ќе почне сезоната 2022/23 во македонската кошаркарска лига. Натпреварот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“.

Екипата од Аеродром ја брани шампионската титула од минатата сезона, додека ТФТ е актуелен освојувач на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Мадрид – Реал го победи Шахтјор со 2:1 синоќа во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

За главниот тренер на мадриѓаните Карло Анчелоти ова е 102. победа во елитото фудбалско натпреварување. Во оваа статистичка категорија , Италијанецот се израмни со поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон.

Back to top button
Close
Close