МИА ФлешПакети

МИА Флеш

5 октомври 2022

5 октомври 2022

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала утре во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на ЕУ, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. На состанокот предвидено е да учествува и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина, информираат од владината прес-служба.

Скопје – Во услови на прогласена кризна состојба, да се дозволи поставување фотоволтаични панели паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи и целокупната документација, бара Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Сојузот, голем број компании се подготвени да инвестираат во фотоволтаици и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување дозволи.

Скопје – Владата на 86-та седница ја усвои информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м. Никуштак – дистрибутивна мрежа со приклучување кон водоснабдителниот систем Липково и информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за водоснабдување на н.м.Виштица – главна водоводна мрежа со приклучна шахта од водоснабдителниот систем Липково.

Со тоа, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), се обезбедија средства од Буџетот на МЖСПП за 2023 година потребни за доизградба на двете водоводни мрежи со што и двете села од општина Липково ќе се приклучат кон регионалниот водоводен систем.

Скопје – Српскиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ денеска беше прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје, а воедно му беше и врачена наградата EUROPA PRIMA 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа – SEE FILM FESTIVAL Paris-Berlin Washington.

Во рамки на првиот академски час на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје, студентите имаа чест во Кинотеката да присуствуваат на доделувањето на наградата и прогласување на Бјелогрлиќ за почесен професор.

Белград – Се очекува Србија на првиот состанок на европската политичка заедница во Прага да им објасни на лидерите на Европска Унија и на другите земји зошто не воведува санкции за Русија иако преговара за членство во ЕУ, изјави неименуван висок претставник на Европска комисија, јави Бета.

Тој истакна дека не е планирана посебна дискусија за ставовите на Србија за воведување на санкциите против Русија, но потенцира оти некои земји-членки на ЕУ му придаваат значење, „иако Белград нема да биде ставен на обвинителна клупа на состанокот“.

Астана – Властите во Казахстан денеска го отфрлија барањето на Русија за протерување на амбасадорот на Украина поради неговите коментари за убиствата на Руси и ја прекорија Москва за, како што велат, несоодветен тон меѓу „еднакви стратешки партнери“.

Тензиите се зголемија откако украинскиот амбасадор во Астана во август, Петро Врублевски, во интервју за локален блогер за војната во Украина рече дека „колку повеќе Руси убиваме сега, толку помалку од нив ќе ги убијат нашите деца подоцна“.

Стокхолм – Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија“, соопшти Кралската шведска академија.

Шарплес (81), американски научник од Институтот Скрипс, по вторпат е награден со престижната награда. Американскиот научник е петтиот човек кој двапати ја добил Нобеловата награда.

Лозана – Управниот одбор на Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) одлучи да го откаже исклучувањето од натпреварувањето на боксерите од Русија и Белорусија.

Организацијата смета дека треба да остане политички неутрална и независна, а исто така повика на мирно решавање на конфликтите.

Back to top button
Close
Close