МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 октомври 2021

25 октомври 2021

Скопје – Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на Европскиот ден на правдата, додавајќи дека тоа е нашиот избор за храбри чекори на европскиот пат, кој носи европски стандарди и подобар живот.

– Оваа година на Европскиот ден на правдата говориме за уште една силна потврда за напредокот во имплементацијата на реформите и европските стандарди во областите владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупција. Европската Комисија во својот извештај за прогресот на Северна Македонија нотира храбри и силни чекори за борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и за владеење на правото. Тоа е јак сигнал и знак дека реформите се на добар пат и дека треба да продолжат на истиот пат, пишува Заев.

Скопје – Потребна е проактивност од другите институции кога се работи за предмети кои се од особен јавен интерес, изјави денеска директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, посочувајќи дека се уште чекаат одговори по нивните иницијативи од Јавното обвинителство, како и по иницијативите за разрешување на одговорни лица, за ограничување на дискреционите права на одговорните лица за вработување и многу други препораки за кои, како што рече, чекаат да се имплементираат, а се во насока на подобрување на системот воопшто.

Одговори, посочи Ивановска, чекаме за предметот за јавните набавки во ДИК, кој е даден уште во 2019 година, за деталниот урбанистички план предметот е даден уште пред шест месеци и се уште нема разрешница.

Скопје – звештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка, а се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на работата на институциите и во учеството во донесувањето на одлуки во областа на антидискриминацијата, се вели во соопштението од Коалицијата Маргини.

Со Извештајот, посочуваат од Коалицијата Маргини, се поздравува и формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, особено назначувањето на дел од членовите од граѓанскиот сектор со соодветно искуство во областа, но, се забележуваат критиките за недостатокот на жени и лица со попречност во нејзиниот состав.

Скопје – И во овој извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, како и претходно, повторно се нотира напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници.

Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ова е директна потврда за оправданоста на активностите преземени во претходниот период и ажурноста на Комисијата во овој состав, која преку својата работа и залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи.

Скопје – Да се обезбедат централизирани информации во реално време за дејствување, мониторинг, брзо известување, како и политички и стратешки насоки за одговор на јавно-здравствени настани и вонредни ситуации беше еден од идентификуваните приоритети од техничката мисија што експерти на СЗО ја спроведоа во земјава минатата недела од 18 до 25 октомври.

Според тоа, како што соопштија од канцеларијата на СЗО во Скопје, целта на оваа мисија беше да се воспостави оперативно планирање за обединување на целата епидемиолошка експертиза во земјата од Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје во една функционална усогласена мрежа и нудење дигитални и системски решенија за 10-те центри за јавно здравје и 21 подрачна единица во Северна Македонија за систем за рано предупредување за јавно-здравствени настани и интервенции.

Скопје – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со в.д. амбасадорот на Катар, Џасим Ал-Тани.

На средбата министерот Бочварски ја потенцираше потребата од обнова на авиолинијата Доха (Катар) – Скопје и ги претстави инфраструктурните проекти што се реализираат во државата.

Скопје – Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Абдула Салиу, шеф на Делегацијата во ПС на Франкофонијата и Бети Стаменкоска Трајкоска, член на Делегацијата, денеска и утре во Женева ќе учестуваат на работилница за зајакнување на улогата на пратениците во земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата во процесот на Универзалниот периодичен преглед.

Како што се наведува во соопштението од Собранието, целта на одржување на работилницата е на парламентарците да им се овозможи да играат водечка улога во унапредување на човековите права, вклучително и во работата на Советот за човекови права и неговиот Универзален периодичен преглед одговорен за проценка на состојбата со човековите права во земјите членки на Обединетите нации, пред се заради нивните уставни привилегии. Се покажува дека 80 отсто од препораките на овој механизам на ОН бараат парламентарна интервенција.

Атина – Преку Тбилиси во Атина, пристигнаа 269 авганистански државјани, мнозинството од нив судии, додека пак со втор авион во текот на ноќта требаше да пристигнат уште 98, соопштија од Министерството за мигрција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако талибанците го презедоа Авганистан, ова е првпат во Грција да стигне голем број авганистански државјани, со оглед на тоа дека досега во неколку наврати во Атина пристигнуваа или по неколку лица или не повеќе од 30 Авганистанци.

Софија – Доколку бидам избран за претседател на Бугарија, ќе успееме да формираме политичка влада, изјави утринава претседателскиот кандидат, кој е поддржан од ГЕРБ-СДС, проф. Анастас Герџиков во интервју за бТВ.

-Претседателот е лидер на нацијата, тој не може со интриги да го дели општеството. Ако ние многу пати се собереме и разговараме пријателски, ако молчиме додека не излезе белиот чад од оџакот, тогаш можеме да постигнеме добар резултат“, изјави Герџиков.

Виена – Големо мнозинство Австријци се против враќањето на Себастијан Курц на функцијата канцелар, покажа анкетата на јавното мислење на Институтот „Јуник Рисрч“ (Unique Research).
Според анкетата, 73 проценти од Австријците сметаат дека лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) не треба повторно да стане канцелар.

 

Сеул – Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека до крајот на мандатот ќе се труди преку дијалог да промовира мир со Северна Кореја.

– Ќе вложам крајни напори да помогнам да се воспостави нов поредок за остварување на мир и просперитет на Корејскиот Полуостров преку дијалог и дипломатија, истакна Мун пред Парламентот, додавајќи дека неговите напори остануваат „нецелосни“.

Пекинг – Две лица загинаа, а најмалку девет се повредени во експлозија на универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг.

Хонг Конг – Амнести интернешнл до крајот на годината ќе затвори две канцеларии во Хонг Конг, а нејзиниот локален огранок во недела ќе ја прекине работата, соопшти групата за човекови права.

АИ, чие седиште е во Лондон, соопшти дека ќе продолжи со истрагите, активностите и кампањите, но од другите канцеларии во Азија и Пацификот.

Дубаи – Милиони Авганистанци, вклучително и деца би можеле да починат од глад ако нешто итно не се преземе за да му се помогне на Авганистан, кој е на работ на хуманитарната катастрофа, изјави извршниот директор на Светската програма за храна (WFP), Дејвид Бисли.

Тој додаде дека 22,8 милиони луѓе од вкупното 39-милионско население се соочува со акутна прехранбена несигурност, што е голем пораст во споредба со 14 милиони луѓе од пред два месеца.

Манчестер – Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, заврши во болница следејќи го поразот на „црвените ѓаволи“ од Ливерпул со 0:5 во деветтото коло од Премиер лигата.

– Тие 60 минути ме испратија во собата за итни случаи, напиша Фердинанд на Твитер.

Скопје – Сувото време по обилните врнежи е повеќе од добредојдено во овој период од годината за земјоделските култури, кога есенската сеидба е на почеток, но поволно се одразува и врз прибирањето на родот што остана на нивите пред врнежите, посебно на жетвата на оризот.

Како што велат агрометеоролозите, промената на времето што се случи викендов беше од локален карактер и краткотрајна, поради што не треба да ги вознемирува земјоделците.

Скопје – Во следните два дена времето ќе биде претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла, соопштија од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен претпладне. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени. Вo Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. 

Back to top button
Close
Close