МИА ФлешПакети

МИА Флеш

22 октомври 2021

22 октомври 2021

Скопје – Производството на електрична енергија за домаќинствата е стабилно, а цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Акционерското друштво „Електрани на Северна Македонија“ го засили ископот на јаглен во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана, изјави директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски најави склучување на договор за набавка на јаглен за РЕК „Осломеј“ за негова континуирана работа од декември до април 2022 година. Додека за РЕК „Битола“, тој информираше дека повторно е распишан повик, со цел да се добие поголемо количество на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

Скопје – Претседателот на македонскиот тим експерти во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, во изјава за МИА потврди дека еден член од Комисијата денеска поднел оставка.

– Еден член од Комисијата усно денеска поднесе оставка, но Комисијата продолжува со работа, изјави кусо Ѓоргиев за МИА, без да даде повеќе детали за оставката.

Битола – Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, изјави денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако е вистина тоа оти „некој меѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија и на сметка на тоа политички да опстане“, тогаш тој „навистина е шокиран“.

Скопје – Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина.

-Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани. Од популацијата над 40-годишна возраст ревакцинирани се 54 отсто, а 33 проценти од лицата од 18 до 39 години примиле најмалку една доза вакцина, велат од МЗ.

Скопје – Текстилниот сектор што сочинува една четвртина од сите вработени во производство и придонес од 2,4 проценти од вкупно бруто-домашниот производ е значаен за Северна Македонија. Затоа, оваа година Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот првпат организира учество на А+А Саемот за безбедност, заштита и здравје при работа, што се одржува на секои две години во Диселдорф, Германија, најави директорот на Агенцијата, Дејан Павлески на денешната прес-конференција.

Павлевски истакна дека по распишаниот оглас и строга селекција, во соработка со швајцарската програма за поддршка на извозот Сипо и Текстилно-трговското здружение – Текстилен кластер, овозможиле присуство на шест домашни компании од текстилната индустрија.

Струга – Градежен работник се здобил со тешки телесни повреди при пад од скеле додека работел на објект во струшлата населба Езерски лозја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во Одделението за внатрешни рабпти – Струга вчера во 17.15 часот  било пријавено дека 37-годишниот У.Б. од Охрид се повредил при изведување градежни работи на куќа во Струшко.

Куманово – Во Салонот на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Никола Пијанманов, под работен наслов „Изгорена земја“, информираа надлежните од галеријата.
На изложбата ќе бидат презентирани повеќе од 50 ликовни дела работени во текот на 2020/2021 година во техника акрил на медијапан и платно. Тематски, изложбата преку повеќе ликовни циклуси го отсликува актуелната состојба на човекот, неговото страдање во времето на пандемијата која сè уште трае.

Атина – Сметам дека е потребен проактивен ангажман на ЕУ за напредокот на Западен Балкан, со оглед на тоа дека регионот е дел од нашиот заеднички простор, дел од нашата заедничка историја и култура и би требало да стане дел од Европската Унија, рече претседателот на Националното Собрание на Словенија, Игор Зорчич, на Конференцијата на Претседателите на Парламентите на земјите- членки на Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

Во неговото обраќање на сесијата посветен на „Заедничката иднина на сите европски граѓани“, се фокусираше на важноста на политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, како клучен елемент за стабилноста на Унијата.

Берлин – Бугарија и Хрватска од недела ќе станат дел од групата земји од ЕУ прогласени за високоризични за Ковид-19, одлучи германската Влада, јави ДПА, повикувајќи се на информации од Институтот „Роберт Кох“.

Секој кој не е целосно вакциниран или оздравен, а кој ќе влезе на територијата на Германија од ризично подрачје, мора да биде во карантин десет дена. Периодот на карантин може да се скрати на пет дена по негативен тест за коронавирус. Досега, само Романија, Литванија и Словенија беа земји -членки на Европската унија за кои важеше ова правило.

Берлин – Бројот на новозаразени со коронавирус во Германија е во пораст, а државниот институт за епидемиологија „Роберт Кох“ денеска предупреди за уште посилен раст во наредните недели.
„Мора да се земе предвид дека во продолжението на есенскиот период и претстојната зима нагло ќе се забрза зголемувањето на бројот на нови случаи“, се вели во соопштението на Институтот.
Бројот на новозаболени на 100.000 жители во изминатата недела денеска изнесува 95,1, што е значително зголемување во однос на септември кога инциденцата беше 65.
Брисел – Владата на Луксембург денеска соопшти дека ќе им дозволи на своите граѓани да одгледуваат канабис за лична употреба.
Како што пренесуваат локалните медиуми, ваквата одлука е резултат на коалицискиот договор меѓу либералите, социјалдемократите и зелените од 2018 година, што го „туркаа“ младите од трите партии.
Лондон – Економијата на еврозоната забави во октомври под притисок на проблемите со снабдување и ширењето на Ковид 19 што ги погоди туризмот и патувањата, покажа истражувањето на лондонската компанија „Маркит“.
Маркит индексот на менаџери за набавки (ПМИ) во приватниот сектор на еврозоната падна за 1,9 поени во октомври во однос на септември, на 54,3 поени, што е најниско ниво во последните шест месеци.
„Наглото забавување во октомври значи дека еврозоната го започнува четвртиот квартал со најслаб раст од април“, рече Крис Вилијамсон, главен деловен економист во лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.

Порт-о-Пренс – Уапсен е осомничениот за атентатот врз претседателот на Хаити, Жовнел Моиз.

Жованел Моиз беше убиен на 7 јули годинава во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Рим – Златен медал во доминантен стил на Светското првенство, кое се одржува во Италија, освои денеска најдобриот македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев.

До златниот медал во категоријата до 81 килограми во дисциплината лоу кик, Ѓеорѓиев дојде со четири победи со максимални 3-0, совладувајќи го во финалната борба Никола Дробњак од БиХ.

Back to top button
Close
Close