МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16 август 2022

16 август 2022

Скопје – Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид.

Како што информираат од Јавното обвинителство, издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.

Скопје – Републичкиот јавен обвинител денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

– Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Скопје – Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе направиме обид да не правиме класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку да ги вршиме во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација, посочи денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Нагласи дека сите вработени се во функција и оти ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но, како што кажа, се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен.

Скопје – Вкупно 281 офицери, подофицери и цивилни лица денеска добија златна значка за триесет години активна служба на Армијата, по повод 18 август – Денот на Армијата и одбележување 30 години од нејзиното формирање.

Благодарност на 145 офицери, 69 подофицери и 67 цивилни лица за нивната посветеност на одбраната и на Армијата денеска изрази министерката за одбрана Славјанка Петровска на доделувањето на значките, како и началникот на ГШ Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој е и еден од добитниците на златна значка за активна служба во Армијата од формирање .

Скопје – Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава.

Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2  в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ.

Скопје – Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.

Скопје – Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето.

Скопје – Со летен креативен камп вчера во Богданци почна четвртиот Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Летниот креативен камп е најава за годинашниот патувачки карактер на „Литера“, како и за идејата за децентрализација на фестивалските настани, низ повеќе градови и населени места во земјава.

Летниот камп се одржува во просториите на Графичката работилница во Богданци и на него учествуваат деца од 7 до 14 години. Тие преку интерактивни предавања ќе се запознаат со основоположниците на македонската современа уметност, со различни ликовни техники, а работат и на креирање сликовница од идеја, преку текст, илустрација до печатење и конечна реализација. Кампот ќе заврши со групна изложба на сите сработени дела.

Атина – Во првите седум месеци од годинава, вкупните приходи во грчкиот државен буџет изнесуваат 36.846 милиони евра, зголемени за 5.556 милиони евра, односно за 17,8 отсто повеќе од поставената цел, според привремените податоци за извршување на државниот буџет, кои денеска ги соопшти Министерството за финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

За периодот јануари – јули 2022 година даночните приходи изнесуваат 31.094 милиони евра, што е зголемување за 5.167 милиони евра или 19,9 проценти во однос на целта вклучена во извештајот за Буџетот за 2022 година, додека пак дефицитот изнесува 4.591 милиони евра наспроти целта за дефицит од 9.180 милиони евра.

Софија – На претпоследниот ден од рокот за пријавување на престојните избори се пријавија „Демократска Бугарија“, „Продолжуваме со промената“, Движењето за права и слободи и националистичкото „Преродба“ и ВМРО, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Никола Минчев од „Продолжуваме со промената“, неговата партија секако ќе работи заедно со „Демократска Бугарија“. Тој не кажа дали ова ќе биде во форма на предизборна или постизборна коалиција, бидејќи се работи за политичка тактика која опција ќе им донесе најмногу мандати во 48. Народно собрание.

Москва – Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри.

Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина.

Скопје – Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов денес се сретна со кадетската репрезентација која во неделата го освои ЕХФ шампионатот што се играше во Летонија.

Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.

Вашингтон – Раководството на НБА-лигата планира со натпреварот на Бостон против Филаделфија да биде отворена сезоната 2022/23, објави инсајдерот Шамс Чаранија.

Селтикси, предводени од Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, стигнаа до финалето во 2022 година.

Back to top button
Close
Close