МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 октомври 2021

19 октомври 2021

Кичево – Дел од кичевските пензионери кои пролетта се пријавија за огревно дабово дрво на осум еднакви рати, побараа поврат на парите што ги уплатиле зашто се уште не е извршена испораката. Од Здружението на пензионери во Кичево се немоќни да интервенираат бидејќи испораката не зависи од нив туку од Подружницата на Шумското стопанство „Лопушник“-Кичево.

-И покрај сите договори и преговори, дабовото огревно дрво да им се испорача на нашите пензионери во што побрз рок, подружницата на „Лопушник“ не е во можност и во првата декада на октомври  да ги испорача целокупните количества, и денес останаа неиспорачани над 300 кубици огревно дабово дрво, кое никој не може со сигурност да потврди кога ќе биде испорачано, истакнуваат од кичевското Здружение на пензионери.

Скопје – Дел од жителите на населба Припор, прва зона, утре од 8:30 часот ќе останат без вода.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Христо Татарчев“ број 2/61.

Велес – На барање на Општина Велес, ЈКП „Дервен“ деновиве ја озелени со трева и засади 50-тина дрвца од јапонска цреша во новата зелена јавна површина над касарната во новиот дел на Велес, веднаш до новоизградениот станбен блок за домување. Порано овој простор беше ритче со набљудувачница која припаѓаше на велешката касарна.

Како што информира за МИА, Тања Ангелова, раководител на  Работната единицa  „Паркови  и  зеленило“ на ЈКП „Дервен“, тие се одлучиле за украсна јапонска цреша, бидејќи овие дрвца, кои веќе се засадени на неколку места во градот, добро успеваат и имаат прекрасни розови цветови.

Скопје – Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот „Фајзер“, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Струмица – Во просториите на „Европската куќа“ пред директори и наставници од повеќе градови од овој дел на државата беше промовиран проектот „Супер училишта“ наменет за средни училишта за размена на ученици во регионот.

Според Владимир Ѓоргевски, директор на Локалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со проектот се планирани над 100 младински размени кои ќе се имплементираат за млади од регионот.

Битола – Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски ја продолжи кампaњата во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Кондовски посочи дека ќе биде повеќе на терен, на маалски средби, непосредно со граѓаните.

Скопје – Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема донесено одлука кого ќе поддржи во вториот изборен круг во општините каде учествуваат кандидати кои не се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ или од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– Онаму каде има кандидати за градоначалници, а коишто доаѓаат природно од политичките партии коишто се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, а каде настапуваа различно од коалицијата „За обнова на Македонија“, таков е случајот во Центар Жупа, таков е случајот во Карпош и во другите места тука, немаме дилема дека застануваме и ги поддржуваме тие кандидати за градоначалници, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Скопје – Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борба не е завршена, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев во писмото упатено до членовите на партијата по повод резултатите од првиот круг од локалните избори.

– Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушнеме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме. Сите ние, секој од нас. Заедно, пишува Заев.

Дебар – Во Ковид центарот во Општата болница со проширена дејност во Дебар нема хоспитализирани лица, откако се испишани како закрепнати последните тројца пациенти.

– Во моментот вршиме целосна дезинфекција на Интерното одделение, каде што беше сместен Ковид центарот. Иако немаме пациенти на кои им е неопходен болнички третман, сепак имаме 24 часовно присуство на лекар и две медицински сестри. Вчера со брзи тестови опасниот вирус е потврден кај две лица, но засега тие се со лесна клиничка слика и се на дневна амбулантска терапија, информираше за МИА, Баки Алили директор на болницата.

Скопје – Министерството за здравство соопшти дека неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од Ковид-19 во период од 8 до 14 октомври само 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Скопје – Од денеска започнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје, рече на денешната прес-конференција кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

Тој вели дека со повеќето од кандидатите за градоначалник на Скопје имале слични проекти и размислувања како градот треба да продолжи да се развива.

Приштина – Министерството за здравство на Косово информира денеска дека повеќе од половината, односно 53,5 отсто, од граѓаните над 18-годишна возраст досега ги примиле двете вакцини против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на косовското МЗ се забележува дека последните денови има опаѓање на интензитетот на имунизација против пандемијата, поради што се апелира тие што не се вакцинирани да го сторат тоа што поскоро.

Мадрид –  Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.

Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.

Москва – Москва тргнува од премисата дека НАТО треба да го направи првиот чекор кон нормализација на односите со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Да, тргнуваме од тоа, бидејќи никогаш први не сме ги влошуваме односите ниту со НАТО. ниту со ЕУ, одговори Лавров на прашањето дали Москва верува дека НАТО е тој што треба да го направи првиот чекор кон нормализација во сегашната ситуација.

Берн – Швајцарија, поради енергетската криза во светот, стравува од прекин на електричната енергија, а Швајцарската комисија за електрична енергија (Елком) предупреди во јуни, не за првпат, на опасност од „затемнување“.

Продолжува проширувањето на обновливите извори на енергија, но се уште не е јасно како министерката за животна средина Симонета Сомаруга ќе го спроведе проширувањето на „чиста електрична енергија“, откако законот за јаглерод диоксид (СО2) беше отфрлен на референдум.

Варшава –  Полска одлучи да го распушти дисциплинскиот совет на Врховниот суд во согласност со барањата на Европската унија, соопшти денеска премиерот Матеуш Моравиецки.

-Имаше прашање за дисциплинскиот совет на Врховниот суд. Да. Имаме намера да го распуштиме, рече Моравјецки за време на пленарната сесија на Европскиот парламент.

Вашингтон – Рејтингот на американското државно раководство во светот пораснал во првите шест месеци од претседателството на Џо Бајден, укажуваат резултатите од најновата анкета на Галуп спроведена во речиси 50 земји. 

Најновата анкета на Галуп, аналитичка компанијa со седиште во Вашингтон,  насловена „Рејтинг на светските лидери, САД наспроти Германија, Кина и Русија“.

Скопје – Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, пред заминувањето за Данска на дуел со Алборг во ракометната Лига на шампионите, најави борбена игра на неговиот тим и обид да се изненади фаворизираниот противник.

– На првиот натпревар успеавме да ги запреме. Тие сигурно нема да ги повторат грешките од Скопје. Ќе трчаат многу. Посилни се во тој сегмент на играта. Поразот од Монпелје малку не загрижи сите. Некако, очекувањата и наши и на јавноста беа големи. Но, се покажа дека нема лесни противници во Лигата на шампионите. Вардар треба да направи многу работи за да се носи најдобрите европски екипи. Против данскиот тим мора многу да трчаме и да не им дозволиме лесни голови. Тоа им е најсилното оружје. Колку ќе успееме во нашите немари ќе видиме. Едно е сигурно, не одиме со бело знаме. Добар натпревар многу ќе ни значи пред дуелот со Кил во Скопје, изјави Вујовиќ.

Back to top button
Close
Close