МИА ФлешПакети

МИА Флеш

1 јули 2022

1 јули 2022

Скопје – Македонскиот јазик во преговарачката рамка е македонски јазик. Сите наши идентитетски прашања се заштитени, бидејќи тоа беа нашите елементарни барања по кои се придржувавме во преговорите, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со коалициските партнери во врска со францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија и отворање на пристапните преговори со ЕУ.

-Ова е предлог којшто ќе оди во Собранието согласно со уставното уредување на нашата држава, односно  го одобрува Владата, го разгледува Собранието. Ние како држава сме се определиле дека стратешка цел на сите нас е членство во ЕУ, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во добиениот француски предлог за тргање на бугарското вето за ЕУ се инкорпорирани нашите забелешки и оти претставува солидна основа за градење став.
Изјавата тој ја даде по средбата со коалициските партнери на која министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ го образложиле предлогот во детали, имајќи ги предвид и нашите стратешки определби.

Скопје – На владината веб страница поладнево е објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија.

Францускиот предлог во интегрална форма беше објавен веднаш по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција.

Скопје – Синдикатот на Клинички центар соопшти дека директорите на јавните здравствени установи во Клинички центар и министерот за здравство спротивно на законот донеле одлуки за прекин на договорот за вработување на поголемиот број здравствени работници, односно здравствени соработници кои наполниле 64 години возраст и имаат 15 години пензиски стаж.

Директорите на здравствените установи и министерот за здравство, посочуваат од Синдикатот, немаат законски основ за донесување одлука за прекин на работен однос на здравствен работник, односно здравствен соработник кој дал согласност за продолжување на договорот за вработување, најмногу до 67 години возраст.

Скопје – Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве на терен интензивно работат на реализацијата на првата фаза од проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар. Градежните активности се одвиваат на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до Железничкиот мост, каде се врши на ископ на нефункционалната и запуштена патека, при што се отстрануваат старите и оштетени плочи, соопшти Град Скопје.

На овој потег, како што посочуваат, постоечките патеки се со должина од 750 метри и ширина од три метри, а досега е извршен ископ во должина од 550 метри.

Скопје – Од денеска до 5 јули во „Ист Гејт Мол“ и СЦ „Јане Сандански“ голем број танчери од 21 држава во Европа, ќе ја претстават својата земја на сцената во склоп на Европското првенство во танци 2022 (IDO European Hip-Hop & Boogie Championships). Организатори на Европското првенство се танцовите клубови „Eat the Beat“ и „Break-A-Leg“ од Скопје.

– Позади нас стојат стотина луѓе, кои се вклучени во организацијата. Навистина се работи за една сериозна организација на првенство, на коешто за 1.800 натпреварувачи, во тие четири натпреварувачки денови, до минута е одредена една саатница во којашто се натпреваруваат. Ова ќе биде една ексклузивна можност за сите од Македонија да уживаат во натпреварувањето и да гледаат едни врвни кореографи. И ако ние не можеме да патуваме надвор во Европа, Европа конечно може да дојде кај нас и Македонците да уживаат во одличните танцови перформанси, изјави на денешната прес-конференција организаторот на првенството.

Битола – Офицерскиот дом во Битола, изграден во 1912 година, кој претставува споменик на културата, се прогласува за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, изјави министерката во Министерството за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На прес-конференција во Битола, министерката Костадиновска Стојчевска нагласи дека Одлука за прогласување на Офицерскиот дом во Битола за културно наследство од особено значење, подкатегорија големо значење, ја донесе  Владата на предлог на  Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство.

Софија – Амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова преку Фејсбук профилот на амбасадата најави дека ќе им предложи на руските власти да ја затворат нејзината амбасада во таа земја, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според Митрофанова, затворањето на руската амбасада во Бугарија неминовно ќе доведе до затворање на бугарската амбасада во Москва.

Подгорица – Во Црна Гора изминатите денови има пораст на новозаразени со коронавирус. Затоа се издаде препорака да се носат заштитни маски на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и на сите места каде се собираат голем број луѓе.

Бројот на заразени изминатите две недели порасна за околу 130 отсто. По бројот на активни случаи, моментално во водство се крајбрежните општини, што е разбирливо имајќи ја предвид летната туристичка сезона.

Париз – Авионските летови од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз и од другите француски аеродроми денеска се реализираат со повремени прекини поради штрајковите и протестите на аеродромските работници кои бараат повисоки плати за да се одржи чекор со растечката инфлација.

Штрајкот е уште една отежнувачка околност за деловната активност на аеродромите што се уште закрепнуваат од двегодишните мерки воведени поради пандемијата на коронав

Токио – Највисоките температури во историјата на мониторингот во Јапонија се забележани на истокот на земјата во текот на неделата, поради што властите бараат од граѓаните да ја ограничат потрошувачката на енергија, која се троши во големи количини поради клима уредите.

Температури над 35 степени Целзиусови се забележани во петокот во областа околу Токио, седми ден по ред. Во понеделник се очекува освежување, пониски температури и можни врнежи од дожд.

Оран – Македонската претставничка Анастасија Мојсовска денеска во дисциплината воздушна пушка – жени на Медитеранските игри во Оран, Алжир, имаше солиден настап и во силна конкуренција го освои 14 место.

Мојсовска испука 619,8 кругови со серии: 103,5 102,0 104,2 103,0 102,2 104,9 и остварениот резултат е во рамки на очекуваното за младата јуниорка, која го држи македонскиот рекорд од 622,1 кругови.

Тетово – Во текот на јуни ФК Тетекс се засили со 14 фудбалери-десет нови играчи и четворица повратници во клубот. Продолжени се договорите со седум веќе активни фудбалери, а од младинскиот погон во првиот тим се префрлени пет играчи.

Старо-нови фудбалери во клубот се Михајло Јакимовски кој се враќа од Воска, Марко Спироски и Бојан Зафировски од Македонија ЃП и Арменд Адеми од Кадино.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close