Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Комисијата за следење на имплементацијата на препораката на Владата за јазично покривање на официјален јазик на радиодифузерите кои реемитуваат спортски програмски содржини на територијата на Северна Македонија.

На средбата, како што соопштија од Кабинетот на претседателост, се разговарало за статусот на спроведувањето на оваа препорака.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ денеска беше домаќин на вторите меѓународни средби на дијализирани и трансплантирани пациенти во државата. Како што изјави претседателот на Нефрон Душко Ѓеоргиев, средбите имаат едукативен, стручен и има забавен дел.

Целта е размена на искуства, продлабочување на соработки и воспоставување на добри практики меѓу  пациентите на дијализа, трансплантираните, дарителите на органи но и медицинските професионалци и институциите.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Во последните 24 часа беа регистрирани нови 108 случаи на КОВИД-19, од направени 723 тестови, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 88 пациенти, а не се пријавени починати лица.
Од новите случаи, во Скопје се 75, Битола 7, Куманово 6, Прилеп и Кавадарци по 4, Струмица 3, Тетово, Гостивар и Охрид по 2, Велес, Штип и Гевгелија по 1.

Тирана, 24 јуни 2022 (МИА) – Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама, ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Република Северна Македонија“. 

Во објава на Твитер, премиерот Рама наведува дека повторно имал телефонски разговор со лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов, на кого му се заблагодарил за неговата улога во укинувањето на ветото.  

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во кои се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во затвореното одделение, се нехумани и деградирачки. Недостиг на пристап до вода, корупцијата се уште активна во сите затвори со посредство на службените лица, проблеми со сместувањето на женските лица во казнено поправните домови, многу психијатриски дијагнози со недостиг на детски психијатари. Ова се главните точки од Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам  за 2021 година, што на денешната прес-конференција ги презентира народниот правобранител, Насер Зибери.

– Половина од казнено-поправните установи се соочуваат со недостиг од сместувачки капацитети за осудените лица кои се упатени на издржување на казната затвор. Ова е случај со казнено поправните домови во Штип и Прилеп, како и со затворите во Скопје, Тетово, Струмица, Битола. Веќе со години наназад состојбата во КПД Идризово е повеќе од загрижувачка и далеку под сите минимум стандарди. Во оваа установа се наоѓаат повеќе од половина од сите осудени лица, а повеќе од петстотини лица или една четвртина од целокупната осуденичка популација се сместени во затвореното одделение и во т.н. одделение „амбуланта“, изјави Зибери.

Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) – Прашањето за македонскиот јазик и историските прашања да не бидат дел од преговарачката рамка и секвенционирањето на чекорите за вклучување на Бугарите во Уставот и почетокот на преговорите, се прашањата од кои ќе зависи конечната нашата одлука да се прифати или одбие предлогот на францускиот претседателство, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој потенцира дека она што во јавноста излезе како „француски предлог“, всушност е работната верзија на преговарачка рамка и други заклучоци што се доставен до земји членки и во кои има „загради и прашања“, а не конечна верзија на предлогот.

Софија, 24 јуни 2022 (МИА) – „Бугарскиот парламент денеска донесе историска одлука со која се дава зелено светло на францускиот предлог за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, напиша премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков на Фејсбук.

– Интеграцијата на Западен Балкан е од стратешки интерес за Европската унија, наведува Петков во објавата по изгласниот документ во Народното собрание на Бугарија со кој се одобрува францускиот предлог за Северна Македонија.

Лондон, 24 јуни 2022 (МИА) – Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо најави дека ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку раководството на премиерлигашот не донесе сериозни засилувања во летниот преоден рок, јавија денеска британските медиуми.

Според весникот „Дејли мејл“, Роналдо е незадоволен од работата на клупското раководство и нивната стратегија во делот на трансферите.

Back to top button
Close
Close