20 мај 2022

Скопје – Нема да има никаква измена во делот на евтината тарифа од 22:00 – 07:00 часот, ќе се интервенира само во високата тарифа, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Колкава ќе биде финалната цена по блокови, ќе се знае откако ќе се одлучи со која цена ЕСМ ќе ги покрива потребите на ЕВН хоум за домаќинствата, малите и микропретрајтијата.

Скопје – Поранешните министри за финансии, вчера во Министерството за финансии се состанаа со министерот за финансии Фaтмир Бесими во рамки на Скопје Економскиот Финансиски Форум. Цел на средбата, како што инфомираат од Министерството за финансии, е да се искористи нивното искуство и знаење при конципирање на програмските цели на СЕФФ.

-Целта на СЕФФ е да ги поттикне сите чинители да понудат решенија кои ќе бидат добар одговор на предизвиците со кои се соочуваме, но и на она што доаѓа по нив, а поранешните министри за финансии со нивното искуство значајно ќе придонесат за тоа. Платформата СЕФФ, која е замислена да функционира за дијалог на економски и финансиски теми, Министерството за финансии ја иницираше минатата година. Во рамки на СЕФФ на крајот на овој месец ќе се одржи втората Годишна конференција на тема „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“. Фокусот ќе биде на макроекономски предизвици во турбулентни времиња, отпорност, конкурентност и регионална соработка, енергија, зелена транзиција и инфраструктура,  и што по кризата: двигатели за одржлив раст, се вели во денешното соопштение од МФ.

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски, во пресрет на 23 Мај – Националниот ден на Власите, денеска прими делегација на заедницата на Власите во нашата држава.

Честитајќи го претстојниот празник, Пендаровски го истакнал значајниот придонес што претставниците на влашката заедница го даваат за севкупниот развој на Република Северна Македонија.

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата на денешната седница ќе го разгледа ребалансот на Буџетот, но ќе расправа и околу потребата од евентуално продолжување на кризната состојба.

Бектеши апелира граѓаните да не стравуваат зашто, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини.

Скопје – Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи со КОВИД-19 и 87 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Белград – Србија се усогласи со санкциите воведени од Европската унија кон Белорусија во април годинава поради „ситуацијата во Белорусија и вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина“, пишува порталот European Western Balkans (ЕВБ).

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, во прашање е Одлуката 2022/579 на Советот на ЕУ, која беше усвоена на 8 април, а две недели подоцна, на 22 април, на веб-страницата на Советот беше објавено дека Србија, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина се усогласиле со оваа одлука.

Анкара – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека утре ќе има телефонски разговор со Финска за членството на земјата во НАТО.

– Денеска разговарав со холандскиот премиер. Утре ќе има разговори со Британија и Финска, изјави тој за новинарите.

Женева – Светската здравствена организација (СЗО) за денеска свика итна средба на своите врни експерти заради зголемувањето на бројот на заболени од мајмуни сипаници, пренесува британскиот весник „Индипендент“.

Британскиот министер за здравство, Саџид Џавид, изјави дека Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска потврдила уште 11 случаи на мајмунски сипаници во земјата, а повеќето од пациентите имаат благи симптоми, пишува британскиот весник.

Лондон – Агенцијата за здравство на Велика Британија (УКХСА) идентификуваше 11 нови случаи на зараза со мајмунски сипаници, соопшти министерот за здравство Саџид Џавид.

Претходно агенцијата пријави девет случаи од 7 мај.

Вашингтон – Член на тимот на американскиот претседател Џо Бајден е уапсен денеска во Сеул, откако беше обвинет дека нападнал јужнокорејски државјанин во пијана состојба, еден ден пред посетата на Бајден, соопшти полицијата.

Членот на тимот, кој работи за американското Министерство за домашна безбедност, бил приведен вчера, во раните утрински часови, откако влегол во кавга поради такси, изјави полициски службеник на округот Јонгсан.

Киншаса – Властите во Демократска Република Конго објавија дека во последните седум дена се запленети 1.500 килограми слонова коска, што претставува 80 до 100 убиени слонови.

– Полицијата уапси две лица кои во посед имале 1.500 килограми слонова коска. Уапсените рекле дека не ги убиле слоновите. Тие изјавиле дека слонова коска им ја дале оние што убивале слонови и кои барале пазар за да ги продадат, рече Крис Камонге, офицер за безбедност во провинцијата Хаут-Катанга.

Скопје – Португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте е новото засилување на РК Вардар 1961.

Како што информираат од клубот, тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.

Скопје – Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.

 

Back to top button
Close
Close