МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 мај 2022

18 мај 2022

Скопје – Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“.

Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она што може да се направи за да се избегнат кризите и да станеме попродуктивни и со тоа да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите.

Скопје – Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, и посакал добредојде и изразил големо задоволство од нејзината средба, посочувајќи дека посетата на премиерката Брнабиќ, во време на предизвиците со кои се соочува Европа и регионот, ќе ја искористат да разговараат на темите поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“.

Скопје – Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на доделувањето договори од Јавниот повик за набавка на системи за наводнување капка по капка и конструкција на бунари од Програмата за рурален развој.Покрај Ковачевски, ќе се обратат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој Никица Бачовски, а потоа ќе се доделат договорите на земјоделските стопанства.

Скопје – Зголемување на платите за 15 проценти од септември и да не се кратат платите за периодот додека траеше штрајкот, е епилогот од преговорите што Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги водеа во изминатите 20-тина дена со посредство на медијатор.

За време на вчерашната неколкучасовна средба во Министерството за образование и наука биле допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на Буџетот заеднички да се разговара со синдикатот.

Скопје – Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност го одбележува Меѓународниот ден на музеите со слободен влез за сите посетители денеска во редовното работно време од 10 до 18 часот.

Како дел од постојаната музејска поставка посетителите, меѓу другото, ќе можат да ги погледнат и ексклузивните амбиентални претстави на етно куќа и берберницата на Гемиџиите, музејските раритети со исклучителни париња оружје и покуќнина, специјалната тактилна изложба ФОКУС, уметнички портрети на истакнати македонски историски ликови и останати презентации на македонското историско и културно наследство.

Скопје – На патниот правец Скопје – ГП Блаце, поради одрони на патот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

Атина – Во атинска населба, вчера бил уапсен странски државјанин, кој се барал со европска потерница од романските власти, а според грчките медиуми, станува збор за поранешниот градоначалник на Букурешт, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека 71-годишен странски државјанин бил уапсен поради европската потерница и се товари за поткуп, формирање организирана криминална група, корупција и перење пари.

Вашингтон – Заменик-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денеска и утре ќе престојува во Софија на серија средби на кои ќе се потврди силното билатерално партнерство меѓу САД и Бугарија, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

За време на нејзината посета, Донфрид ќе се сретне со високи бугарски владини претставници и лидери на политички партии за да разговараат за голем број клучни прашања, како што се билатералната безбедносна соработка, унифицираниот одговор на НАТО на неиспровоцираната војна на Русија против Украина и посветеноста на САД за зајакнување на енергетската безнедност на Бугарија, напорите за борба против корупцијата и други регионални прашања.

Москва – Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин синоќа ја посети областа Херсон во јужниот дел на Украина, притоа изјавувајќи дека таа ќе заземе вредно место во руското семејство.

Регионот околу пристанишниот град ќе заземе „вредно место во нашето руско семејство“, рече Хуснулин.

Вашингтон – Расте бројот на непознати предмети на небото во изминатите дваесет години, истакна официјален претставник на Пентагон пред американските пратеници, но, не потврди за живот надвор од Земјата.

Американскиот Конгрес за првпат во над 50 години, одржа јавна расправа на тема „неидентификувани појави во воздухот“.

Париз – Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена денеска во списанието „Лансет“.

Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот.

Скопје – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претпладне. Во јужните делови претпладне врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој повремено ќе достигне брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, слично време со повремени врнежи од дожд и засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени. Во следните денови, времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури во четврток и петок. Дневните температури од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела.

Back to top button
Close
Close